„Светилникот“ (The Lighthouse) на Брајан Ино е нова онлајн радио програма на Сонос Радио ХД, станица која започна со работа во април 2020. Станува збор за содржина која ќе ја покрие 50 години долгата кариера на Ино, како композитор, продуцент и музички визионер. Но куриозитет е дека парчињата музика кои ќе бидат емитувани се до сега необјавувани, а најраните се од 1990.
Сепак, емитувањето нема да оди хронолошки, туку по случаен редослед, за да се зголеми можноста за необични комбинации - бавни до брзи парчиња, сосема апстрактни композиции до хитчиња.
Во моментов се објавени две емисии, а траките немаат наслов туку наместо тоа им е доделен број (Лајтхаус број тој и тој). „Некои наслови и така се глупи“, изјавил Ино. „Проблемот со работењето на компјутери е што мораш да дадеш наслов на нешто пред да го направиш. Понекогаш делата бргу ги надминуваат своите имиња“.
Ако очекувате само амбиентални дела и генеричка музика може да бидете изненадени. Во првото шоу тој пушта фанки нумери, како и речиси комплетна песна со Дејв Стујард од Јуритмикс на гитара, со оригинален наслов „Сите крвави борци“ или, во случајов, Лајтхаус број 106.