Bookbox

Цело време мислевме дека станува збор за турцизам. Ама името да ти доаѓало од шкотскиот инженер Џон Лаудон Мекaдам, кој осмислил поевтин и потраен начин за изградба на патишта, поставувајќи ги темелите на технологијата што подоцна ќе доведе до современите асфалтни коловози.

Родниот град на легендарната четворка ќе добие нова, oгромна туристичка атракција посветена на бендот. Проектот ќе ги оживее клучните места од историјата на Битлси, од нивното детство во Ливерпул до концертите во Хамбург, Лондон и Њујорк.

Кога лондонските улични светилки служеле кафе, чај и „течно говедско“

Многу пред автоматите за кафе и „паметните“ градови, Лондон експериментирал со улични светилки што, покрај осветлувањето, нуделе топли пијалаци, цигари, разгледници, па дури и директна телеграфска врска со Скотланд Јард.

„Читајте!“ - би имала ли ефект ваква кампања кај нас?

Од Бил Козби и Опра Винфри до Даниел Редклиф и Стивен Хокинг – повеќе од 180 познати личности позирале со омилената книга во раце, во кампања на Американското здружение на библиотекари што трае веќе четврт век, а која порачува нешто едноставно: читајте.

Шпато: човекот што изработи дигитален каталог на неговите дела

Драга Ѓаконовски-Шпато (1931-1987), основоположник на македонската забавна и џез музика, има улица во Дебар маало. Но до скоро немаше едно место на кое можеа да се најдат неговите попознати и помалку познати дела. Еден ентузијаст „сас своите десет прсти“ го направи тоа за нас. 

Приказната за првиот роботизиран монах

Кога синот на кралот на Шпанија, Филип Втори, пандал болен, владетелот се заколнал дека ако Бог направи чудо и го излекува престолонаследникот, и тој нема да остане должен, и дека ќе возврати со ист таков гест во негова слава. Резултатот е прилично необичен.

„Сликарката и крадецот“ (2020)

Норвешки документарец кој во јануари ја доби специјалната награда за креативно раскажување на фестивалот Санденс. Сосема заслужено.

Лутата пиперка и идеологијата

„Оној кој не може да поднесе лута пиперка, не е способен ниту да се бори“, изјавил Мао, со тоа воведувајќи ја симболичката врска помеѓу револуцијата и лутата храна.

Кога коњ станал римски конзул

Калигула е еден од најозлогласените ликови во историјата на човештвото - брутален римски император, кој имал инцестуални врски со сопствените сестри, затворениците ги користел како храна за ѕверови и разговарал со месечината. Но во текот на животот сепак направил една добра (и поучна) финта - си го прогласил коњот за висок државен функционер.

Kaзина се отвораат, библиотеки (уште) не!

Во момент кога студентите подготвуваат испити, учениците треба да почнат да читаат лектири, а многумина конечно имаат време за читање или тоа им е потребно како анти-стрес терапија, нашите библиотеки се затворени. И не само тоа, туку колку што сме информирани немаат ама баш никаква активност која би можела на пристојна дистанца да ја врши својата основна мисија.

„Мочурливци“ од Барбара Симонити (и интервју со преведувачот)

Знаете што се „музги“? А „гаталинка“? Оваа книга во голема мера е на „странски“ јазик - заборавениот јазик на мочуриштата, пониквите и валугите. 

Жената која може да намириса болест, буквално

Пред 37 години, Џој Милне, медицинска сестра од Шкотска, забележала необичен, тежок мирис кој доаѓа од нејзиниот сопруг, Лес. Ова било сигнал за еден нејзин необичен талент.

Дали има(ло) жени-гуслари?

Нова книга на српскиот етномузиколог Ива Нениќ се однесува на една интересна тема: жени кои преземаат идентитети кои според стандардите на народната култура не се сметаат за женски. На пример - свират на гусли.

И Скребл ќе стане политички коректен?

Елитни играчи на една од нашите омилени игри водат жестока дебата во врска со користењето расистички термини во неа.

„Нечовечки ресурси“ (мини-серија, 2020)

Француска серија продуцирана од Нетфликс во шест продолженија, правена според романот на Пјер Леметр. За нечовечноста на капитализмот, корпоративната алчност, но и за финиот баланс помеѓу правичната реакција на истиот, и „слизнувањето“ во насилство.

49-те Индијци донесени во Британија во 19 век како дел од „жива“ изложба

Зимата 1885-1886 била една од најстудените во Лондон во текот на 19 век. Цевките биле замрзнати во палатата Алберт во лондонскиот Батерси парк, изложбена сала која во моментот била дом на луѓе донесени од Индија да учествуваат во живо „индиско село“.

Дали зборувањето на некои јазици претставува поголем ризик за Ковид-19?

Вообичаено сметаме дека маските за уста се заштита од кашлање и кивање. Но вирусот може да се пренесе и преку зборување. Притоа некои јазици, заради својата фонетика, се наводно потенцијално подобри „канали“ за пренесување на заразата отколку други.

Дали модерната уметност била психолошка операција на ЦИА?

Свесни сме дека насловов некому може ќе му звучи помпезно. Но, стрпливо.

Џејмс Џојс е на Зум: Блумсдеј оваа година се одбележува онлајн

Фановите на „Улис“ од Бразил до Канада и Ирска наоѓаат начини да продолжат со годишното чествување на романот, чие дејство се одвива на денешен ден, 16 јуни.

И Пени Лејн ќе ја преименуваат?

Во напливот на протести и реакции по убиството на Џорџ Флојд во САД, и во Британија - некогашната голема колонијална сила - се случува преиспитување на минатото и на актуелниот расизам. Во тој излив на гнев страдаат и некои досегашни културни икони, кои (најверојатно) немаат никаква врска со темата.

Рубикова коцка: 40 години од патентирањето на најпознатата играчка на светот

Пандемијата го сврти интересот кон аналогните занимации, па почна да се брише прашина од стари комплети „Монопол“, сложувалки или „Не лути се човече“. Некои си ги најдоа и старите Рубикови коцки. Други (помлади) си ги освежија збирките и вртат ли вртат.

Што е тоа „разумен“ полицаец?

Ако поранешниот полицаец Дерек Шовин излезе на суд поради смртта на Џорџ Флојд, која предизвика бројни протести и насилни немири, над судењето ќе виси сенката на еден контроверзен американски правен принцип - стандардот на „разумната“ реакција на оној кој го одржува редот и го спроведува законот.

Крај (или адаптација) на минимализмот?

Минимализмот до неодамна беше гласна максима во дизајнот, уредувањето на домови и потрошувачката воопшто, со апели за воздржување од трупање и расчистување на вишоците. Сега со пандемијата ова (малку) се менува.

Глобалното раздавање колачи со оптимистични пораки

Од плажите на Рио до штала во Флорида, од шума во Финска до аеродром во Шангај, се одвива проект кој вклучува онакви кинески колачиња со ливче на кое се претскажува судбината.

„Неортодоксна“ (Unorthodox, 2020)

Мини серија базирана на мемоар на Дебора Фелдман, за девојка која се обидува да го напушти својот маж и ултра-конзервативната еврејска заедница.

„Однесено со виорот“ отстранет од ХБО

Временски лоциран во текот и по американската граѓанска војна, филмот снимен според истоимениот роман на Маргарет Мичел од 1936, често е напаѓан поради начинот на којшто го опишува ропството. Сега, во контекст на најновите настани во САД, филмот е остранет од американскиот стриминг сервис.

Што можеме да научиме од „непреводливите“ болести?

Од загадочно пореметување кое се карактеризира со голем бес, вовлекување на машките гениталии, до болест на прекумерно мислење, постојат ментални нарушувања кои можат да се добијат само во некои култури. Зошто?

Потрагата како среќа: пронајден нов расказ на Хемингвеј

Нов, досега необјавен расказ на Нобеловецот, зборува за и не така необична тема за овој писател - лов на големи риби. Но во атмосферата на текстот има нешто многу поскромно и помалку грандиозно отколку во „Старецот и морето“. Едноставна потрага по риба, која самата по себе има смисла, без оглед на уловот.

Moжеме да слушнеме гестови без да ги гледаме?

Дали некој гестикулира додека зборува, или воопшто не ги употребува горните екстремитети, прави голема разлика во тонот и гласноста на изговореното. И ова го чувствуваме спонтано, дури и кога не го гледаме.