Bookbox

Историјата на освојувањето на американскиот Запад е исполнета со авантури, надежи и тешкотии, но ретко кој настан останал толку длабоко врежан во колективното сеќавање како трагедијата на Донеровата и Ридовата експедиција. Наместо патување исполнето со ветување за нов живот во Калифорнија, нивната одисеја станала симбол за човечката издржливост и очај.

Во средината на 1960-тите, додека доминирале на топ-листите, правеле генерации тинејџерки да паѓаат во транс и биле постојана мета на медиумите, Битлси истовремено се запознавале и учеле од најсмелите и најзначајни композитори на класичната музика.

Невротични мачки и хипноза за лажговци: 180 години од списанието „Сајентифик Американ“

Eдно време го добивавме на домашна адреса, иако со големо задоцнување. После стана достапно онлајн со претплата. Денес списанието за наука кое почнало да излегува во 1845 е најдолго издаваното во САД, со континуитет од век и плус 80 години. 

Носи шапка: кaко да го преживееш летото според совети на луѓе од среден век

Во моментов летните температури се опаднати, што ќе рече се дише и климите можат да одморат. Но можеби до крајот на сезоната нè очекува уште некој бран, а ако не оваа, тогаш сигурно во годините што следат нештата ќе бидат уште полоши. Во средниот век не било нешто поарно, ама луѓето и без технологија некако успевале да преживеат. Некои од нивните совети и денес се корисни. 

Страшната операција за зголемување на висината опишана во „Материјалисти“, новиот филм со Педро Паскал

Изгледа како средновековна тортура – метални прачки вметнати во преполовени коски, болна рехабилитација. На ваква процедура се подвргнува ликот на Педро Паскал во „Материјалисти“. Колку и да звучи како сатира, вакво нешто постои и е достапно, на пример, во Турција.

Како се случува песна?

Jас не знам дали знам како се случува песната!

„Тоитоитои“: суеверија на музичарите

Како што на рибар не му се вика „со среќа“, така и на актерите пред излегување на сцена не им се посакува добра претстава. Но понежен од англискиот „скрши нога“ (break a leg) е еден друг израз кој се користи помеѓу музичарите, особено помеѓу оперските пејачи.

Повторувањето не е мајка на досадата

Ако сте во друштво кое треба да се одлучи за филм, а помеѓу насловите има таков кој на повеќето од вас ви е гледан, тогаш тој автоматски излегува од конкуренција. Грешка, сугерира нова студија.

Откриена „дата базата“ на сите книги во Eвропа од 16 век

Ја составил вонбрачниот син на Колумбо, и со векови никој не знаел каде точно се наоѓа. Сè додека неодамна не искрснала среде збирка на исландски истражувач која се чува во Копенхаген.

Врската меѓу Јунг и корејскиот поп

Пред некое време пишувавме за тоа како корејскиот поп стана глобален феномен, спомнувајќи ги Би-ти-ес, момчешки бенд кој во 2017 прерасна во еден од најголемите нови феномени во САД. Сега тие имаат нов албум, кој има врска, ни повеќе ни помалку, туку со основачот на аналитичката психологија.

Милчо Манчевски: „Книгите ми помогнаа да си го најдам местото во светот“

23 aприл е Меѓународен ден на книгата и авторското право, кога традиционално се упатува порака од УНЕСКО, но и од сите земји кои го одбележуваат овој ден. Оваа година македонската ја напиша Милчо Манчевски.

Не баш „дебата на векот“: Питерсон наспроти Жижек

Беше помпезно најавувана, создавајќи атмосфера на претстоечки спортски натпревар, иако не е баш јасно кој спорт би бил најсоодветната метафора. За Жижек можеби некој што бара мавтање со раце (одбрана ватерполо?), за Питерсон нешто како шах или стреличарство. Ама пак се разбраа.

Пиење и книги

На денот кога го оддржуваме деветото издание на „Јадење книги“ си велиме, да не згрешивме ние со хранава?

Урино-археологија: нов метод за откривање древни тајни

Пред околу 10.000 години група ловци и собирачи се населиле во долините на модерна Турција и останале таму цел милениум. Но за тоа во колкав број биле и какви домашни животни чувале, сега се користи еден сосема нов извор - мочката.

Оркестарски музичар доби судски процес за нарушен слух

Британската Кралска опера го загуби случајот откако член на оркестарот ја тужеше заради тоа што на проба на „Валкирите“ на Вагнер се здобил со трајни оштетувања на сетилото за слух.

Kaко Алберт Ками нашол утеха во апсурдноста на фудбалот

Kaко е можно еден мрчатор-егзистенцијалист, кој генерално не гледал смисла во животот, толку многу да ужива во една апсурдна игра како фудбалот? Па можеби токму во апсурдноста е и клучот.

Пулицер за 2019 доби роман во кој главни ликови се дрвја

Веста за пожарот кој ја зафати Богородичната црква го фрли во сенка доделувањето на врвните признанија од областа на новинарството и книжевноста, кое се случи синоќа, 15.4. Во категоријата за белетристика Пулицерова доби роман кој зборува за односот на човекот со природата.

Пожарот во Богородичната црква кој го опиша Виктор Иго во 19 век

Во текот на својата 856 години долга историја, Нотр Дам поминала низ многу нешта. Но еден писател и негов славен роман се најзаслужни што црквата го преживеала 19 век, кога готската архитектура била оставана да скапува.

Што сонувавте ноќеска?

Има луѓе кои кога ќе тргнеш да им раскажуваш сон почнуваат да превртуваат со очи и ја прават онаа „поштеди ме“ фаца. Она што тие не го разбираат е дека со тоа што ја намалуваат вредноста на овие нарации и самите се лишуваат од одлична можност.

Петиција против „расистички“ мурал во францускиот парламент

Двајца француски професори покренаа петиција за остранување на сликата која го комеморира укинувањето на ропството, а е поставен во нивниот Парламент, затоа што бил расистички, понижувачки и дехуманизирачки во однос на црнците.

Францускиот писател кој шеташе наоколу со жив јастог

Се викал Жерар де Нервал. Живеел во 19 век и бил еден од главните претставници на францускиот романтизам. Неговите дела влијаеле и врз подоцнежните надреалисти. Но не само делата, туку и неговиот начин на однесување - на пример необичниот љубимец кого го шетал врзан за каивче.

Човекот кој ги пере валканите алишта на славните музичари

Во раните 1980-ти еден западногермански музички фан дошол до генијална идеја - да им ги пере алиштата на ѕвездите. Така се родила Рокенрол пералницата.

Вистинската црна јама во споредба со тоа како ја замислуваа уметниците

Личи на „окото на Саурон“ или некаква морничава кружна форма опкружена со огнени јазици. До сега можевме само да ја замислуваме, но оние уметници кои тоа го правеле не биле далеку од вистината.

Зошто бавноста нè излудува?

Бавни возачи, бавен интернет, бавни редици на каса - сите тие во најмала рака нервираат, а некогаш се повод и за агресивни реакции. Колку што светот забрзува, токлу прагот на толеранција за влечкање се спушта.

„Медиумскиот егзил на книжевноста во македонската култура“ од Александра Јуруковска

Неодамна пишувавме за маките на новинарите, особено на оние од културните редакции. Нова книга го истражува проблемот од поширок ракурс - како културата, поконкретно книжевноста, полека се истиснува од нашиот медиумски простор.

Растенијата знаат да бројат?

Денес на подарок добив „Венерина муволовка“, едно нешто кое во хорор цртаните делува страшно, а во живо кревко и нежно. Барем дур е мало. Е тоа растение наводно знае да брои.

Книга наместо билет за воз

Цели 87 години на крајот на март Холанѓаните ги промовираат своите писатели и читањето воопшто. А како подобро да промовираш, ако не со тоа што нешто ќе направиш бесплатно?