Bookbox

Кога првпат ја отворив книгата „Осум милиони примероци на Моби Дик или Китот“ од Николас Мугаверо во дигитален формат помислив, веројатно како и многумина пред мене, дека документот е „расипан“. 

Во познатиот бугарски документарец со вакво прашање во насловот беше спорно дали една балканска песна е бугарска, турска, македонска, босанска или српска. Во индискиот случај, не се спори традиционалното потекло, туку буквалната законска сопственост врз архива на снимки на неодамна починат музичар. Ова отвора погенерални прашања за тоа чие е навистина едно дело, во случајов животно. 

Со државен погреб испратен грчкиот Боб Дилан

Грчкиот пејач и кантавтор, Дионисис Савопулос, славен по своите алегорични и поетски текстови кои ја коментираа политиката, идентитетот и општеството во Грција, почина на 80-годишна возраст. Низ директен пренос од погребот кој се одржа во саботата, 25.10., од него се простија политичари, колеги и луѓе на кои неговата музика им го осмислила животот.

Како да се зајакне „мускулот на вниманието“?

Иако живеела пред појавата на „економијата на вниманието“ и дигиталната расеаност, француската мислителка Симон Вејл во своите текстови предвидела колку е клучно човекот да ја негува оваа способност. За да се посвети вистинско внимание на нештата, потребно е умот да се испразни од „отпадот“ и да се отвори. Да пробаме?

Зошто попаметните луѓе не се и посреќни?

Иако звучи логично дека попаметните луѓе треба да живеат посреќно, истражувањата покажуваат дека тоа не е така. Некои студии дури наоѓаат слаба негативна врска меѓу интелигенцијата и среќата. Дури и кога се анализирани податоци од десетици илјади луѓе, се покажува дека повисоките резултати на тестови за интелигенција не водат кон поголема животна радост.

Зоолошки водич низ галаксијата

Нова книга истражува што би можеле да ни кажат својствата и изгледот на животните на нашата планета за оние кои живеат (ако живеат) во други делови од вселената.

Опсесивните собирачи на автограми од 19 век

Немало лек за оние опседнати со собирање автограми од познати личности во текот на 1880-тите. За да се добијат скапоцените потписи, или какви и да е пишувани белешки, не се бирало средства.

Фотографот кој осум години пешачи низ светот по патот на човечката миграција

Двократниот добитник на Пулицер, Пол Салопек, го документира светот на неговиот глобален повеќегодишен пат наречен „Излегување од рајот“ (Out of Eden Walk).

Другарка мадам: приказната за сопругата на советскиот амбасадор во САД

Ајви Тереза Лоу Литвиноф (или Ајви Валтернова Литвинова) била англиско-руска писателка и преведувачка, сопруга на советскиот дипломат и министер за надворешни работи Максим Литвинов. Но и неофицијална дипломатска „хостеса“, на англофоните во СССР и на русите во САД.

„Татко“: како е постигнато чувството на дезориентација во филмот?

Новиот филм со Ентони Хопкинс е трогателен и моќен, а за тоа придонесуваат најмалку два елемента: неговата одлична глума, но и нешто што се вика „продукциски дизајн“ а на кое ретко обрнуваме внимание.

Госпоѓа Еџ: приказната за радикалната спасителка на птици

Нејзината појава е опишана како мешавина на кралицата Мери и ловечки пес - упорна, опседната со заштитата на птици и на сиот жив свет, таа успеала да ги помрдне нештата во конзервациските кругови. Денес нејзиното име сепак не е толку познато.

Историја на едно овошје со вулгарно име

Ние ја викаме „мушмула“, а таа е необична затоа што спаѓа во оние овошки кои треба да скапат за да бидат зрели. Сепак, најнеобичното е поврзано со нејзиното старо име на повеќе јазици.

„Колектив“ (2020)

Романски документарен филм номиниран за овогодинешните Оскари, чиј наслов е име на дискотеката во која во 2015 се случи катастрофален пожар од чии последици починаа 64 млади луѓе, а со тешки повреди поминаа 146.

И шимпанзата се ставија на видео повици за да не бидат осамени

Вработените во сафари паркот „Двор Кралове“ и во зоолошката во Брно организираат дневни онлајн средби за нивните шимпанза, за да им го олеснат карантинот и да го надоместат недостатокот од посетители. 

Што и колку читал Ван Гог?

Нова биографска книга за славниот сликар се фокусира на една негова опсесија - читањето - која само навидум нема врска со неговиот уметнички опус.

Дали ракувањето ќе ја преживее пандемијата?

Нова книга ја истражува историјата на еден гест, кој пандемијата привремено го „замрзна“ но можеби и засекогаш ќе го промени.

Koлку ви тежи душата?

Можеби сте го гледале филмот „21 грам“ со Шон Пен, Наоми Вотс и Бенисио дел Торо. Насловот потекнува од верувањето дека толку тежи човечката душа, кога ќе го напушти човечкото тело по смртта. Но не станува збор за фолклор, туку научна студија објавена на почетокот на 20 век.

Предноста на „амбивертите“

Во црно-белата поделба на интроверти и екстроверти, има зона во која овие два типа се прелеваат во нешто трето - личност која „камелеонски“ се прилагодува на дадените ситуации.

Самоубиството како грев во средовековна Европа

Пандемиската изолација, страв и несигурност причинуваат пораст на самоубиствата во светот. Денес размислуваме за него како за психолошки проблем, но тој е истовремено бил, и сè уште е и религиски.

„Варсити блуз“: скандалот со местенките за запишување на американските факултети

Во 2019 избувна скандал поврзан со местени примања на престижни американски факултети на деца на пребогати родители, кои инаку не би можеле да се запишат на нив. Нов документарец на Нетфликс ја раскажува приказната.

Дали модерните духовни практики поттикнуваат (а не спречуваат) нарцисоидност?

Јога, медитација, разни техники за „работа на себе“ - сето тоа би требало да го смири егото и да претставува антидот на самобендисаност и фокусираност на сопственото „јас“. Ама ако е така, зошто има толку многу Инстаграм селфиња на луѓе во јога пози?

„Судењето во Токио“ (мини-серија)

Кога ќе се споменат судења за воени злосторства по Втората светска војна најчесто се мисли на Нирнбершкиот процес. Популарната западно-европска и американска култура ретко се занимавале со судењата за воени злосторства на Далечниот Исток. Оваа серија е еден таков пример.

Мирисни ја уметноста: една малку поинаква изложба на слики

На изложба на 17-вековно европско сликарство во Холандија ќе бидат поставени и „ароматизери“ кои ќе ја доловат мирисната атмосфера на тоа време. Мирисни кутии можат да се купат и за дома, за следење на изложбата онлајн.

Зулу кралот не се погребува, туку - се сади

72-годишниот крал на народот Зулу во Јужна Африка беше погребан оваа недела, во приватна церемонија обвиена во тајност. Но веста не се однесува на ваквиот „селебрити“ протокол туку на еден детал, кој кажува многу и за тој народ и за начинот на кој се сфаќа авторитетот на владетелот.

„Пропаганда-кондом“: водич за дезинформациски сленг

Методите на ширење дезинформации не се нови, но како што тие се развиваат, и како што стануваат пософистицирани, така станува поширок и опсегот на термини за означување и на оние кои вршат манипулација, и на нивните тактики.

Жената чии вешти раце помогнале да полетаат првите авиони

Во 1910, браќата Орвил и Вилбур Рајт вработиле шивачка од Охајо, која дури сега го добива заслуженото признание, како прва жена - работничка во американската авиоиндустрија.

Како се губи еден јазик?

Станува збор за црцор на птици. Но тоа за нив е еден цел јазик, па оттаму секоја паралела со човечки јазици кои изумираат затоа што на нив едноставно не се (или сè помалку се) зборува, не се ни малку случајни.

„Тајниот агент“ (документарен, 2020)

Помеѓу номинациите за овогодинешните Оскари се наоѓа и чилеански документарец, кој додуша не е баш јасно колку е „местен“ а колку автентичен. Но без оглед на ова, приказната е многу топла и хумана.

Добитниците на Прицкеровата награда за 2021: „Никогаш не руши“

Највисокото светско признание за архитектура некогаш се доделуваше за екстравагантни и револуционерни креации. Оваа година отиде кај француско дуо чие мото е - понекогаш е најдобро да не правиш ништо.