Затоа што како нација последен успех на оваа тема ни е да банкротираме олл-инклузив хотели, од Лондон доаѓа нов предизвик - хотел што можеш да го изедеш.
Франциско за следниот четврток најави досега невиден гест: предвелигденската миса нема да се одржи во вообичаените базилики туку во центар за малолетни деликвенти каде што ќе им ги измие и ќе им ги бакне нозете на 12 малолетници кои се огрешиле од законот.
Канадската Felice News се претставува како најголемата и најпопуларната медиумска организација за ширење позитивни вести. Толку се позитивни што новинарите, наместо со плата е наградуваат со - да пукне!
Годинава Ролинг Стоунс тргаат на својата прва турнеја од 2007-ма која нема да биде ниту "проштална," ниту "последна," ниту "за пензионирање". Се што бараат Стонси се 5 милиони долари од концерт.
А+ се првите годишни награди на Architizer онлајн базата за архитектура. Во изборот има 52 категории од Најдобар споменик до Најдобра бизнис повеќекатница.
Конгресната библиотека одбра нови 25 парчиња аудио кои ќе ги додаде во својот индекс за да ги сочува за вечност (или најдолго што може). Меѓу нив многу џез ама и Пинк Флојд и Рамонс и Сајмон и Гарфанкел.
Идејата одамна функционира во некои од светските култури и религии, меѓутоа главна пречка за нејзино воведување во остатокот од светот е што целата работа ја имаме решено далеку подобро.
Денешните книги содржат 14 проценти помалку емотивна содржина отколку оние што се пишувале на почетокот на минатиот век. Ама затоа се побогати со параноја.
Од однесувањето на новиот Папа воодушевени се верниците кои добија Понтиф што е непосреден и што сака да биде во нивна близна. На сосема другата страна се луѓето од неговото обезбедување кои треба насекаде да го бркаат човекот.
2012-та била мерак за он-лајн медиумите, кои имаат најголем раст на приходи од реклами во споредба со кој било друг медиум. За печатените медиуми и 2012-та била пекол.
Веста се однесува за оние што мислат дека можат да разликуваат арома, нијанси и ноти во виното. Оние што се задоволни со основната поделба на бело и црвено, можат да продолжат да уживаат.
За време на снимањето порно актерките минуваат низ физички напор и болка што не би го поднел ни играч од НФЛ, објаснува девојката која знае што зборува - Аурора Сноу.
Доаѓаш со хуманитарна помош во некое прегладнето африканско село и околу тебе се сјатуваат гладни деца. Како ја делиш помошта, на сите по малку, додека има? Грешка, вели науката која решила да се занима со вакво бизарно прашање.
На американски професор му се доделени 5 милиони долари да ја истражува бесмртноста. Никакви сеанси со покојници, никакво бркање духови – човекот е филозоф.
На светот има многу гладни луѓе. Во исто време на планетава на секој жив човек има по 40 тони инсекти. Еден нов документарец на БиБиСи мисли дека овие две работи треба да се поврзат.
Тојо Ито е Јапонецот кој по долги години правење на проѕирни и светли згради и куќи во Јапонија ја освои годинешната Прицкерова награда за архитектура (највисокото признание во архитектурата), за стадион во Тајван.
Речиси 70 студенти од Даблин се поделиле во групи и учествувале во трката кој до каде може да стигне за ден и пол, без пара во џеб. Чудо е до каде сè дофрлиле.
Властите во Саудиска Арабија започнаа со проширување на џамијата Масџид ал-Харам (главната џамија во Мека) со цел да го зголемат нејзиниот капацитет. Единствен проблем е што за проектот треба да демонтираат некои од најстарите делови на најважната џамија во Исламот.
Некако не ни прави мерак што овдешната верзија на името на новиот Папа е Фрањо. Фрањо бе! Па ние уште Туѓман го памтиме (како кога жена ти ќе предложи некое име за бебето а ти знаеш некој убер кретен од маало со исто име). Што фали на Френсис или Франциско? Додека не успееме да пробиеме една од нашиве варијанти, да видиме како сè наоколу го викаат новиот поглавар на римокатоличката црква.