Хотел што се јаде

Затоа што како нација последен успех на оваа тема ни е да банкротираме олл-инклузив хотели, од Лондон доаѓа нов предизвик - хотел што можеш да го изедеш.

Собите во мини хотелот во Сохо, имаат над 100 најразлични уметнички дела кои можат да се јадат, када полна со карамелизирани пуканки, рамки на прозорците направени од карамела, книги кои можат да се јадат, перници од пандишпан, тепих направен од 1.080 пуслици.

Целата идеја е на компанијата Tate & Lyle Sugars, која преку собите сака да ги промовира 8-те нови видови на шеќер. Разликата меѓу местењето на соба во овој и во регуларен хотел, е што тука за да се наместат собите потребно е да работат 14 слаткари, да се потрошат 2.000 работни часови на печење на најразличните слатки и 900 работни часови на местење.

Секоја соба во хотелот има посебна тема. Па така собата Пирати од Карибите има голем ковчег што се јаде, полн со најразлични слатки, соба инспирирана од Маите во која има храм полн со карамела, Барбадос библиотека со (благи) школки што се јадат, рачно цртани колачиња и овошни торти.

23 март 2013 - 15:37