Вести

Спасувале пилот или тргнале да го грабнат иранскиот ураниум?

Белата куќа и Пентагон го истакнаа спасувањето на американскиот пилот од Иран на 3 април како херојска операција. Но, детали од теренот укажуваат дека мошне веројатно тоа е измислена приказна за да се прикрие тајна мисија за грабеж на иранскиот збогатен ураниум. Наместо пилот, всушност биле спасувани командосите, кои паднале во заседа.

САД бараат пристап до сите податоци на граѓаните на ЕУ

Вашингтон и Брисел преговараат за договор што би им дал на американските власти директен пристап до сите записи за граѓаните од базите за податоци на членките на ЕУ. Не само биометриски податоци и фотографии, туку и за политички активизам, дури и за сексуалниот живот. Земјите кои нема да се согласат ризикуваат да им бидат воведени визи за пристап во САД.

Данците и Норвежаните плаќаат најмногу за помош на Украина

САД и ЕУ ѝ дале номинално најголема помош на Украина откако почна војната со Русија, но ако се смета според сумите што ги издвоиле граѓаните, испаѓа дека најмногу придонеле Данците и Норвежаните. Вработените луѓе во сојузничките земји досега просечно издвоиле помеѓу 600 и 700 евра за финансиска и воена помош на Украина и за поддршка на бегалците.

Речник

И САД и Иран го слават примирјето како победа

САД и Иран договорија двонеделен прекин на огнот за да преговараат за крај на војната. Основа за преговорите во Пакистан ќе биде план од 10 точки предложен од Техеран. Белата куќа го претстави примирјето како победа, а и Иранците прославуваат на улиците. Израел се согласил со прекинот на војната со Иран, но го задржува правото да го бомбардира Либан.

Трамп има манијачки нагон да повредува невини луѓе

Трамп има „речиси опсесивна манија“ за осакатување цивили, тврди поранешен висок офицер, кој лично ги слушал предлозите од претседателот на доверливи состаноци за безбедносни закани за САД. Барал да се пука во мигранти. Ако не да се убијат, барем во нозете. Ако сега изврши воени злосторства во Иран и не биде казнет, Западот ќе го изгуби секој морален авторитет.

40% од американските нуклеарни подморници се на мајстор

Речиси една половина од американските нуклеарни подморници се надвор од употреба поради доцнењата на поправките и одржувањето во преоптоварените бродоградилишта, кои практично не се модернизирани уште од Втората светска војна. Конгресот предупредува дека кризата со ангажирање стручни работници ќе потрае уште 25 години.

Русија учи

На почетокот од војната колку што Русија беше изненадена од лошите перформанси на военото поле, толку и Западот и Украина беа изненадени колку лесно беше поразен непријателот. Од тогаш Русија константно се адаптира начинот на кој Украина ја води војната.

Ганџа има, овци да пасат

Стадо овци изеле над 100 килограми канабис откако во поплавените делови во Грција наишле на стакленик засаден со медицински верзија на растението. Овците биле запрени само откако на овчарот почнале да му изгледаат нешто чудно.

Дали ЕУ ќе се распадне заради миграција?

Највисокиот дипломат на ЕУ стравува дека миграцијата би можела да биде „силата што ќе ја распадне ЕУ“ заради длабоките културолошки разлики меѓу европските држави и нивната долгорочна неспособност да се согласат околу заедничка политика.

Медиумските преторијанци на Џозеф Бајден

Вака е шемата: портпарол на Белата куќа ќе даде упаства за пожелниот наратив во кој треба да медиумски да се покрива некоја тема (во случајов импичментот на Бајден). Притоа, како поткрепа на официјалните ставови, ќе се цитираат статии од „независни“ медиуми. А цитираните статии  се темелат на цитати од - Белата куќа! Јас тебе ќе те почешам, ти мене ќе ме почешаш.

Германија е парализирана од коалицирања

Далечно минато се деновите кога извршниот директор на Дојче Банк можеше да му држи предавања на остатокот од светот за тајните на германскиот економски модел. Првиот човек на банката, Кристијан Севинг, неделава предупреди дека ако неговата земја не ги реши структурните проблеми, ќе стане „болниот човек во Европа“.

Јбг, милиони Европејци навиваат за руска победа

Не викајте многу (за да не ве чујат тие што не треба), но источноевропските ставови кон војната во Украина почнуваат да се вртат во корист на Русија или барем да се оддалечуваат од Украина, пишува британски Експрес за трендовите меѓу оние во поранешната сфера на влијание на Русија.

Блумберг ќе му става крај на јагленот

Пред неколку години, богат човек или компанија ќе го покажуваа богатството со донирање библиотеки и сиропиталишта (меѓу две крстарења со јахти или приватни авиони). Денес е мода тоа да се прави не за луѓето или државата туку за климата и планетата. Исто, меѓу две крстарења со јахти или приватни авиони.

Милијарди долари западен профит заробени во Русија

Западните компании кои продолжија да работат во Русија и по почетокот на војната до сега имаат генерирано милијарди долари профит, но не и начин како да ги повлечат парите во својата земја.

Си-ен-ен, рекордно лошо

Минатиот викенд водечките програми на Си-ен-ен ја имале најслабата гледаност меѓу клучната публика од кога се води евиденција, собирајќи нешто под 60.000 гледачи.

Зеленски ладно пречекан во Вашингтон

Не беше така одамна кога украинскиот претседател Зеленски во американскиот Конгрес беше дочекан со повеќеминутни овации од конгресмените од двете партии кои стоечки му аплаудираа. Сега тоа може да му личи на далечен сон. Сега се нема време за него, а за пари, ќе видиме.

Америка заборави да прави бродови за Арктикот

Откако Русите последнава деценија значително се разработија на Северниот пол, САД изгласаа програма од 13,3 милијарди долари за заштита на американските интереси на Арктикот. Парите ги има, ама програмата заглави на тоа што не знаат како да ги направат бродовите.

Како Мурдок утна за 700 милиони долари

Медиумскиот моќник сериозно ги потценил трошоците од судскиот спор против Фокс поради нивните медиумски обвинувања за штелување на машините за гласање. Мислел дека ќе платат 50 милиони. На крај платија отштета од 785 милиони.

Случајот Расел Бренд и глобалниот тоталитаризам

Јутјуб и ТикТок го скинаа Расел Бренд само заради медиумски обинувања против него, а не е ни обвинет, не па осуден. Ај тие, ама кој курац има британски парламент да го притиска Канаѓанецот од Рамбл, нашиот Крис Павловски, дали и зошто Расел Бренд уште може да прави пари преку таа платформа?

Зеленски веќе не е претседател... за руските медиуми

Кремљ им наложил на сите руски државни медиуми да престанат да го ословуваат Владимир Зеленски како „претседател“ на Украина, објавуваат руски опозициски медиуми.

Се ладат и најпроукраинските конгресмени

„Толку многу загинати за толку малку резултати,“ кратко ја прокоментира Илoн Маск фамозната контра-офанзива на Украина која требаше да го сврти курсот на војната. Тоа беше негов коментар на веста на Политико дека и во редовите на конгресното тело кое важи за најголем поборник за помош на Украина доаѓа до мислење дека војната не може да се добие и дека е време за преговори.

Право на глас за бегалци?

Германската министерска за внатрешни работи, Ненси Фесер, сака драстично да го прошири правото на гласање во земјата и тоа во иднина да ги опфаќа и бегалците кои повеќе од шест месеци живеат во Германија.

Руси на руско

Руската Дума едногласно се согласи дека во иднина народните претставници ќе возат само автомобили од руско производство додека се на работа или службено патуваат некаде.

Како Гармин ги преживеа технолошките гиганти?

Гармин, Дропбокс и уште неколку искусни фирми успеаја не само да опстанат туку и да пораснат иако во меѓувреме големите играчи директно им брцнаа во чинија со своите супериорни производи и сервиси за масовно користење. Го направија тоа со паметно ре-позиционирање. Се тргнаа малку од онаму каде што големите 'си ги мерат' и фатија да го собираат кајмакот од сегменти кои не беа покриени.

Американци умираат од комбинации со фентанил

Процентот на смртни случаи од предозирање од фентанил во комбинација со стимуланси како кокаин и метамфетамин се зголемил за неверојатни 50 пати помеѓу 2010 и 2021 година. Луѓе кои користат кокаин, често не се ни свесни дека се зависници од фентанил. Америка се наоѓа во четвртиот бран на опоидната криза.

Русија произведува 700% повеќе муниција од Западот

Досегашниот исход на западните санкции врз руската воена индустрија е дуплирање на производството на тенкови и дуплирање на производството на артилериска муниција, а руското производство на муниција е 7 пати поголемо од западното.

Хуавеи и Шаоми ќе работат заедно

Двата најголеми кинески брендови на мобилни телефони одлучија да ги прекинат сите спорови што ги имаат околу меѓусебното користење на патентите, и да си дозволат еден на друг слободно да ги користат патентите што им се потребни како би се пробиле во сегментот на премиум телефони.

Од Асанж до Бренд

Можеби многумина не се сеќаваат на ова. Џулијан Асанж ненадејно беше обвинет за силување, откако преку Викиликс почна да открива владина злоупотреба на моќ, измами и и корупцијата. Една жена рече била злоупотребена од него додека била „полузаспана“. Исто како Расел Бренд, корумпираните медиуми го осудија пред секое судско рочиште.

Француски ски-центри трајно затвораат заради немање снег

Скијачкиот центар Ла Самбуј во близина на Монт Блан одлучи да ги демонтира сите ски-лифтовите и целосно да престане со работа откако минатата сезона само 4 недели имаа снег и тоа минимално. Највисоката патека во центарот започнува од 1.850 метри.

Тешките лекции од летната офанзива

Напредокот што Украина го има деновиве не е ни од блиску напредокот кој беше очекуван да го има пред почетокот на контраофанзивата. Од една страна украинскиот успех на фронтот никако не е за потценување, од друга страна тој е крајно занемарлив во однос на западните предвидувања и очекувања.