Опцијата за ограничување на воениот рок на 36 месеци беше едно од главните барања на активните војници на украинските сили кои случат од почетокот на војната.
„Ова е катастрофа... Како е можно да им ветат демобилизација на војниците во декември 2023, и на крај да ги напуштат!!! Не можеш на војниците да им ја одземеш надежта дека некогаш ќе се вратат дома,“ ја пренесува Киев пост пораката на украинскиот офицер Максим Несмјанов.
По новиот закон најбезболна опција за враќање дома за украинските војници е да бидат заробени од Русите. Друга опција е да бидат тешко ранети или да се здобијат со инвалидитет.
Војниците и нивните семејства не се задоволни и од одлуката избегнувањето на воен рок да се казнува само со административна казна а не кривична.
Украинска правда објавува дека членот за демобилизација на војниците по 36 месеци е исклучен од законот на барање на командантот на украинските вооружени сили, генерал Олександар Сирски. Од владејачката партија на Зеленски порачуваат дека без разлика кој што зборува, важно е дека сега Украина има закон за мобилизација.