Кога ќе се прогласиш за градина, сегде ќе ти се гледа плевел

Бриселската полиција добила наредба да ја затвори контроверзната Национална конзервативна конференција што се одржува во една градска општина, иако гости и говорници бил звучни имиња како Најџел Фараж, Виктор Орбан и други. Наредба за затворање на конференцијата дал градоначалник Емир Кир, социјалист со турско потекло. По многу перипетии, се огласи и премиерот.

За само неколку дена, на Конференцијата на европските конзервативни националисти двапати им беше откажано гостопримството во Брисел, пред организаторите да најдат домаќин во сала во општина близу Европскиот кварт.

"Во интерес на јавната безбедност, издадов забрана за одржување н Конференцијата во мојата општина. Во неа и во Брисел крајната десница не е добредојдена“, изјави Кир.

За да не настане инцидентна и конфликтна ситуацијата, полицијата решила постепено да го затвора собирот. Не наредила сите да ја напуштат салата, но како кој излегол, не можел потоа да се врати.

На присутните, проблемот им го открил британскиот евроскептик Најџел Фараж кој од говорницата рекол:

„Додека го зборувам ова, директорот на хотелот добива закани и наредби од градоначалникот и од полицијата да би ја затворат конференција“.

А се пожалил и дека и кетерингот и пијачките не се стигнати.

На „НатКон“ се поканети 40-тина фигури од конзервативната и религиозна десница и крајна десница од Европа, меѓу кои унгарскиот премиер Виктор Орбан, пратеници од Белгија и Франција, политичари од Шпанија, Полска...

По многу збрки, перипетии и најави за протести и контра-протести, се огласи белгискиот премиер Александер Де Кроо кој рече дека забрана на настанот е неприфатлива.

„Локалната автономија е столб на нашата демократија но таа не може да се стави над белгискиот устав кој уште од 1830 година гарантира слобода на говор и мирно здружување“, рече премиерот.

 

 

17 април 2024 - 10:39