Блер ги навлекувал Американците да ја окупираат Југославија

Строго чувани тајни документи откриваат дека Тони Блер барал напади врз цивилни цели во Југославија неколку дена пред НАТО да нападне. Додека британската војска проценувала дека напад на НАТО врз хотелот Југославија би донел и цивилни жртви, злотворот инсистирал дека тие би биле „вредни за цената“.

Декласифицирани документи на британското министерство за одбрана кои ги разгледале од The Grayzone откриваат дека официјални лица во Лондон заговарале вплеткување американски трупи во таен план за окупација на Југославија и соборување на претседателот Слободан Милошевиќ за време на војната на НАТО против земјата во 1999 година.

Иако лудата шема никогаш не беше спроведена, деталите од заговорот откриваат точно како британските власти успешно го обликувале Вашингтон во свој инструмент на гола сила на нивната екс империја.

На 24 март се навршија 25-години од 78-дневното бомбардирање на НАТО на Југославија. Во западниот меинстрим наратив, операцијата упорно се почитува како успешна „хуманитарна интервенција“ за да се спречи претстојниот „геноцид“ на албанското население на Косово.

„Војната всушност беше намерно деструктивен и незаконски напад врз суверена, мултиетничка земја, заснован на лаги и пропаганда за злосторства. Белград се бореше против ОВК, екстремистичка група поврзана со Ал Каеда која беше поддржана од ЦИА и МИ6“, пишува Кит Кларенберг.

Тој наведува дека на ОВК (во чие досие наведува и шверц со наркотици и трговија со органи) ѝ одговараше да ги максимизира цивилните жртви, за да испровоцира западна интервенција.

Во мај 2000 година, британски парламентарен комитет заклучи дека сите наводи за злоупотреби на албанските граѓани од страна на југословенските власти се случиле откако бомбардирањето почна и дека интервенцијата на алијансата само го охрабрила Белград агресивно да ја неутрализира ОВК.

Во меѓувреме, во септември 2001 година, судот на ОН во Приштина утврди дека дејствијата на Белград на Косово не биле геноцидни, ни по природа ни по намера.

Овие наоди денес во голема мера се занемаруваат и стандардно се оди со приказната за хуманитарна интервенција на НАТО за запирање на геноцидот врз етнички албанското население.

„Се заборава и колку блиску дојдоа водечките земји на НАТО да се окупира Белград во текот на таа хаотична пролет“.

На петтата недела од бомбардирањето, Ричард Хетфилд, тогашен директор за политика на британското министерство за одбрана, испратил документ со ознака „Тајно - само за британски очи“, во кој бара итна одлука за тоа дали формално да ја нападне Југославија:

„Ако сакаме да влијаеме на размислувањето на САД за опциите за испраќање копнени сили, треба брзо да им го пренесеме документот... Нашето планирање е пред САД и другите сојузници... Веруваме дека САД можеби допрва развиваат првични размислувања за копнени сили а нашиот труд може да има значително влијание врз нивните заклучоци. Затоа треба да им пренесме што е можно побрзо“.

Британците имале изготвено четири сценарија а планирале операцијата (со американски чизми на терен) да започне пред зимата. Но дотогаш, поважно од техничките детали, било битно Лондон да го анулира секптицизмот во Вашингтон. 

„На крајот на краиштата, фантазијата за инвазија на Блер целосно зависеше од Вашингтон и нивното испраќање стотици илјади американски војници во Југославија. Од своја страна, Лондон би рааспоредил само околу 50.000. Овој диспаритет веројатно беше клучен извор на американската „неволност и скептицизам“, пишува Кларенберг.

Друг извор на американскиот скептицизам беше фактот дека секоја земја што се граничи со Југославија - меѓу кои и членки на НАТО или аспиранти - беа на ума да одбијат употреба на нивната територија за копнена инвазија. Ако Грција не ги дадеше своите пристанишни капацитети и воздушен простор, ќе морало да се оди со комплицирана операција од Унгарија, Романија и/или Бугарија, што политички би било уште потешко.

И Албанија, која ја поддржуваше ОВК и служеше како ефективен штаб на НАТО за време на бомбардирањето и Македонија „каде што нивото на (НАТО) војници веќе предизвикуваше проблеми“, се плашеле да станат директни учесници во конфликтот, најмногу заради страв од одмазда на Србија.

Иако воените апаратчици на НАТО, политичките пиони и медиумските измеќари во воспеваа неверојатни успеси и скорешна побед на бојното поле, декласифицираните досиеја покажуваат дека претставниците на министерството за одбрана минале голем дел од своето време жалејќи се на фактот дека нивните бомби ниту го заплашуваат Милошевиќ, ниту ја попречуваат неговата војна против ОВК. Пишува таму дека Белград многу успешно го мамел НАТО со широка употреба на камуфлажи, лажни цели и бункери.

Британските власти постојано биле загрижени дека југословенската армија може да успее целосно да ја протера ОВК од Косово и да му даде прилика на Милошевиќ да прогласи победа и потоа да му диктира на НАТО мировни услови. Блер наводно бил решен да одбие каква било таква понуда.

Тој предложил ескалација и формирање на „коалиција на подготвени“ велејќи дека мора да се нагази со целите. „Напаѓање на нафтата, инфраструктурата, сето она што му е вредно на Милошевиќ… е јасно оправдано“.

Министерството за одбрана циркулирало меморандум со кој Лондон им „нудел на САД три значајни цели“ идентификувани од МИ6: иконичниот белградски Хотел Југославија; еден важен бункер од времето на Студената војна; и централната белградска пошта.

НАТО го рокна Хотел Југославија на 7 и 8 мај во 1999 година, оштетувајќи ги неговите барови, бутици и трпезарии и уби еден несреќник кој побарал засолниште внатре. „Вашингтон пост“ веднаш го оправда ударот објаснувајќи го како операција за ликвидирање на озлогласениот српски паравоен водач, Аркан. Се разбира, тој не настрада во нападот па уште им кажа и дека со томахавки нема да го поколебаат туку да дојдат лично да го ликвидираат.

„Бил Клинтон е во длабоко во знаете-што. Бомбардира што стигне. Ќе рече „Бог да ја благослови Америка“ и потоа остатокот од светот умира“.

Геноцид на Косово сепак се случи, откако југословенската армија целосно ја напушти покраината. Како што наведува извештај на ОБСЕ од ноември 1999 година документиран со ужасни детали, борците на ОВК не само што го чистеа ромското и српското население на Косово, туку и ги расчистија нивните албански политички и криминални ривали преку заплашување, тортура и убиства - сето тоа под будното око на „мировниците“ на НАТО и ОН.

Има сведоштва за „неподготвеноста на НАТО да ги контролира гангстерите на ОВК“ и за тоа како после секое апсење на битанги од УЧК стигнувале наредби од претпоставените тие да бидат ослободени. Еден од нив опишува дека ОВК дивела како победничка толпа со намера да се одмазди и дека „систематските убиства на Србите, често пред нивните семејства, биле секојдневие“.

„Спин-машината на владата на Блер сакаше морална едноставност. Србите беа „лошите момци“, па косовските Албанци автоматски мораше да бидат „добрите момци“... А проституцијата и трговијата со дрога и луѓе процвета како што ОВК ја преземаше контролата врз Приштина“, сведочи бивш војник на НАТО.

Во Приштина, од 40.000, останаа само 400 Срби.

Но, и тоа не го направи актуелниот американски претседател Џо Бајден тоа воздржан па за Хашим Тачи ќе каже, ни помалку ни повеќе дека е „косовскиот Џорџ Вашингтон.“

„Од 1945 година, британските функционери се преокупирани со одржување на глобалната доминација на поголемата, побогата и помоќна американска империја, а истовремено тајно да ја навигираат  според своите проценки. Ретко која оваа злобна мисија е толку искрено артикулирана како во документите презентирани овде. Додека размислувањето на Блер за „соборување“ на Милошевиќ со американска сила беше невозвратено, катастрофалната „Глобална војна против тероризмот“ на Вашингтон по 11 септември беше експлицитно инспирирана од Британија“, пишува Кларенберг.

15 април 2024 - 14:54