Животни

Жена што каса, не лае

Старото правило вели дека не е вест кога куче ќе гризне човек туку кога човек ќе гризне куче. Оваа вест загризува подалеку: на изложба на кучиња, жена гризнала друга жена.

Јужнокорејска дилема: Дали уште да јадеме кучиња?

Низ текот на години се повеќе ресторани во Јужна Кореја престанаа да служат кучешко месо, меѓутоа на анкетите мнозинството од народот се противи на законска забрана за јадење кучешко.

Австралија стрелаше кучиња од стационар за да спречи ширење корона

Петнаесет кучиња, од кои десет биле кутриња, од еден стационар во Австралија се убиени од властите како би се спречиле волонтерите во стационарот да патуваат до таму за да ги земат и притоа потенцијално да го рашират вирусот.

Азиски крап веќе нема да биде азиски за луѓе да не мразат Азијци

Надежта е дека со тоа што ќе се смени името на рибата која ги преплави американските реки, ќе се намали омразата кон Азијците во САД, а со тоа и насилството врз нив.

Атенбороу: Оставете лажичка шеќер во дворот

Сер Дејвид Атенбороу предложи едноставен но корисен трик за да им се одолжиме на оние благодарејќи на кои имаме што да јадеме.

Кучкарите со ДНК ќе одговараат за изметот на милениците

Бидејќи и во Израел сите сопственици на кучиња го собираат изметот а тревниците и јавните површини пак се полни со „нагазни мини“ од нивните миленичиња, властите решија да престанат да се објаснуваат и да почна да водат регистар на ДНК на кучиња која ќе може да биде споредена со изметот најден на јавни површини.

Птиците не се вистински

Оваа голема вистина која сака да го потресе светот тлее неколку години но допрва зема замав во САД каде почнаа да држат и митинзи за освестување на рајата дека птиците не се вистински. Е, што се? Дронови, наивни едни.

Камион кучиња спасен од кинеска кучијада

Иако најголемиот дел од населението во Кина не јаде кучиња, сепак заради пребројноста на Кинези доволно е и само мал процент да јаде за да може организираат фестивали на кучешко месо.

Научи ги на пари, сами ќе се научат на проституција

Научници научиле мајмуни да користат пари и да го разберат тој концепт. Не минало долго време кога се појавила проституција. 

И во време на Бајден се бара одговорност, ама од кучиња

Како што Трамп не можеше да ги мине првите сто дена на раат без од него да побараат да поднесе оставка, таков таксират во првите сто дена на Бајден ги снајде волчјаците на американскиот претседател.

Мајмуните во зоолошката во Сан Диего вакцинирани за ковид-19

Има добра и тажна вест. Добра вест е што мајмуните се први живи суштества што не се луѓе кои се вакцинирани од вирусот. Тажна вест сме ние тука, општо.

Нова автохтона сорта на руски сини кучиња?

Сортата е добиена од комбинација на локални џукели и пропадната хемиска фабрика на некои си 400 километри од Москва.

Ако не сте гадливи, секогаш постои некаков излез

Да ви раскажеме како една бубачка успева да преживее дури и кога е проголтана од жаба - накратко, така што се пробива низ целиот дигестивен тракт на душманот и на крај излегува од неговиот анус. Молиме да не се брза со евтини политички паралели: онаму од кај што излегува бубачката, во светот на политиката, тоа обично е место во кое се влегува.  

И кравите минуваат низ пубертет

На Запад почнале да прават персоналити тестови на крави и тие им откриваат дека во еден период на својот живот, оној кој е поврзан со сексуалното зреење, тие се однесуваат и имаат симптоми кои можат да се именуваат како пубертет. Со други зборови, како што тоа веќе го знаат многу родители, не е лесно да се расте теле.

Јагмата по „бадемово млеко“ ги потепа американските пчели

Иако не може да постои нешто што се вика така (види: „Ако е од бадем не може да е млеко“) тоа чудо сè повеќе и повеќе се троши како лудо. „Кога ги пуштаме пчелите меѓу бадеми, како да ги праќаме во војна,“ вели еден американски пчелар обелоденувајќи ја смртоносната опсесија зад опсесијата со бадемите.  

Ништо ние не знаеме

Стихот на Дино Дворник „Зошто правиш слон од мене?“ можеби заслужува ново читање и интерпретација. Кратка приказна на Би Би Си.

Кој сега ќе ги спасува магарињата по светов

Истата чума што дотера поегзотични животни до раб на истребување паралелно ја десеткуваше глобалната популација на магариња - кинеска медицина.

Калифорнија сас козите

Она што кај нас покојни Лазо своевремено го потепа, денес во Калифорнија е елитна единица за борба против шумските пожари кои секоја година ја пустошат оваа сојузна американска држава.

Американските птици се испотаманети

На северноамериканското небо денес има три милијарди птици помалку отколку во 1970 година. Парадоксално, најдобро минуваат оние птици кои се цел на ловци.

Прав анти-ваксер не си го вакцинира ни кучето, ваистину не си го вакцинира

Една од дилемите која одамна мачи околу анти-ваксерите е: како не си го вакцинираш роденото дете, а си го вакцинираш кучето? А, кој ќе ти реши ваква дилема, ако не анти-ваксер.

Времето на бубашвабите допрва доаѓа

Денот од кој стравуваше гадливото човештво - и оние кои се занимаваат со дезинфекција, дезинсекција и дератизација - конечно доаѓа: бубашвабите стануваат непобедливи и отпорни на секоја хемикалија која ја имаме на лагер.

Форест Гамп се инкарнирал во лисица

Освен што е лисица, сега е женка и има поминато 3.500 километри од Норвешка до Канада, за време кое научниците го сметаат за најбрзо движење на кој било припадник на животински вид. 

Калифорниските школки начисто се сварија

Додека луѓе нагрнуваат на плажите на Калифорнија за да ја искористат ретката прилика кога океанската вода е со дојранска температура (27 целзиусови степени), луѓе кои со години се занимаваат со подводниот свет вакво нешто немаат забележано: од топлото школките се зготвиле самите во себе.

Африка бара укинување на забраната за трговија со слонова коска

Ние ќе гладуваме додека вие спасувате слонови, на кратко е пораката од петте африкански држави кои ја составуваат Каванго-Замбези конзервациската област во јужниот дел од Африка.