Третина од храната која ја јадеме постои благодарејќи на опрашувањето на пчелите и тие се заслужни за исхраната на 90% од светската популација.
Затоа природњакот Атенбороу советува секој во двор да остави лажичка шеќер, за да послужи како прехрана за пчелите со што би добиле доволно енергија да се вратат во кошницата. Честопати им се случува да бидат преуморни и исцрпени за да се вратат дома.
Кога пчелите би исчезнале од нашиот еко-систем, човештвото би се соочило со страшно сериозен проблем. А човештвото упорно си ја бара белјата, што со прекумерна употреба на пестициди, што со урбанизацијата и климатските промени кои доведуваат до изумирање на пчелите.
„Кога пчелите би исчезнале од нашата планета, на луѓето ќе им остане само 4 години живот,“ има своевремено предупредено гласот на природата, сер Дејвид Атенбороу.
А бидејќи Атиџе викаше пола за пчелите, пола за мене, со другата лажичка шеќер можете да си изматите жолчка.