Во Њујорк ќе биде забранета продажба на кучиња, мачки и зајци во пет-шопови, за да се стави крај на бескрупулозната трговија со миленици која во позадина често крие нехуман однос кон животните.
Слично решение има и во Калифорнија, Илиноис и Мериленд. Законот им допушта на продавниците за миленичиња и понатаму да работат со стационари, за да се охрабрува вдомувањето.
Поборниците за овој закон очекуваат со ова да се стави крај на масовното „производство“ на расни примероци кои носат најголем профит.
Љубителите на животни оценуваат дека ова е „историска победа и за животните и за луѓето“, но има и спротивни мислења кои тврдат дека на овој начин само ќе процвета црната берза, бидејќи одгледувачите нема да се откажат од големите профити.
Генерално, бројот на продавници за миленичиња во опаѓање, и во Њујорк ги има околу 80-тина. Новиот закон ќе стапи во сила во 2024 година.