Иако историски најпознатата џукела на светот, Лајка, доаѓа од Русија, разликата е што нејзините достигнувања се резултат на работата на сериозен дел од советскиот научен апаратус, додека глутницата сини улични кучиња е производ на стечај.
Сините кучиња од Дзержинск се чопор кој упаѓа во пропаднатата фабрика за плексиглас и цијановодородна киселина, од што подоцна и ја добиваат сината боја на крзното.
Во разговор со РИА, стечајниот управник на фабриката изјавува дека кучиња редовно хараат низ објектот, во кој се уште се складирани најразлични хемикалии.
Сите седум кучиња се прегледани од ветеринар и не се во животна опасност.
РИА Новости објавува дека две од седумте кучиња веќе имаат нов сопственик.