Американскиот департмент за земјоделство додели условна лиценца за производство на вакцина за пчели на една американска био-технолошка компанија.
Вакцината првично ќе биде достапна за комерцијалните пчелари и треба да ја спречи болеста предизвикана од бактеријата Paenibacillus larvae.
Фатална е и нема друго чаре освен да се уништат и запалат заразените колонии а здравите пчели да се третираат со антибиотици за да спречи понатамошното ширење.
Вакцината делува на тој начин што вградува дел од бактериите во матичниот млеч со кој се храни матицата и таа подоцна би требало да произведува ларви кои се отпорни на болеста.