По ново азискиот крап ќе се вика „инвазивен крап“, а промената е направена затоа што властите постојано повикуваат на требење и уништување на „азискиот“ крап.
Наводно сето ова ескалирало кога на аеродромот во Минеаполис пристигнала азиска бизнис делегација која таму начекала билборд со зборовите „Убијте го азискиот крап.“
Проблемот е што азискиот крап е сериозно инвазивен вид, кој со години американските власти немаат начин како да го изналоват или истребат од своите реки и езера. Стравот е дека луѓе почнуваат да ги идентификуваат проблемите од азискиот крап како проблеми со азиската популација во САД.
Терминот азиски крап се однесуваше на четири видови риба кои ги тероризираат слатководните пространства на САД, и со него се означува местото од каде потекнуваат и се донесени овие риби.
Во исто време со крапот, Ентомолошкото друштво на САД (за изучување бубачки) месецов ги укина термините „цигански молец“ и „циганска мравка“.
Азискиот крап е донесен во САД пред половина век со задача да ги исчисти канализациските канали и земјоделските бари од алги, треви и паразити. Тие некако успеваат да пребегнат во Мисисипи и други големи реки, каде прво ја јадат храната на автохтоните видови, плус ја уништуваат средината.
И покрај тоа што е „дива“ риба полна со протеини и омега-3, азискиот, а и другите видови, крап никако да добие популарност во американската исхрана, што би било од сериозна помош во неговото уништување и требење, и за сега главно се користи за мамци за риболов и храна за домашни миленици.
Една од мерките за контрола на популацијата е со електро-шокови: