Мајмуните во зоолошката во Сан Диего вакцинирани за ковид-19

Има добра и тажна вест. Добра вест е што мајмуните се први живи суштества што не се луѓе кои се вакцинирани од вирусот. Тажна вест сме ние тука, општо.

Неколку орангутани и бонобо мајмуни во зоолошката во Сан Диего ја добија експерименталната вакцина против ковид-19, која беше развиена конкретно за животни.

Меѓу вакцинираните е и орангутанката Карен, која во 1994 беше првиот мајмун во светот на кого му беше направена операција на отворено срце. Карен заедно со уште 8 други мајмуни веќе имаат примено две дози од вакцината развиена од ветеринарната фармацевтска компанија Зоетис.

Во јануари 8 горили од истата зоолошка беа првите мајмуни во светот што се позитивни на коронавирусот. Сите осум моментално заздравуваат. Болеста до сега е потврдена и кај кучиња, мачки, тигри, лавови и уште неколку други животни низ светот.

И покрај ова, најголемата загриженост е за групата „големи човеколики мајмуни“ како горили, шимпанза, орангутани и бонобоси, бидејќи ковид-19 има потенцијал да ја збрише комплетната нивна популација доколку не се преземат мерки за спречување на ширењето.

Вакцините до сега немале нус-појави, а вакцинираните мајмуни наскоро ќе бидат тестирани и за анти-тела за да се потврди дали вакцините биле успешни.

5 март 2021 - 11:17