Ако некој фали во прволигашкото фудбалско друштво тоа се Пелистер и Победа, екипи од два фудбалски града со традиција кои не ги личи да играат во пониските рангови. Битолчани се враќаат во елитата по пауза од една година, а Прилепчани по седум. Нивниот кам бек во елитата освен ривалството против Вардар, на сцена го враќа и пелагониското дерби.