Историската одлука падна на состанок во Тетово каде претставници на еден куп навивачки групи седнаа и се договорија дека на 26 март клупскиот ривалитет треба да го остават на страна и да навиваат за Македонија.
Македонската фудбалска репрезентација е пред 180 историски минути до пласман на ЕП за кое сонува скоро три децении и за таа цел најпрвин на 26 март на Градски треба да се мине полуфиналната пречка против Косово.
Одзивот на оваа заедничка иницијатива за поддршка на Македонија беше навистина многу голем.
„По денешната средба во Тетово известуваме дека се приклучуваме на заедничката иницијатива за поддршка на историскиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија против Косово. На состанокот на кој се донесе историска одлука покрај нас присуствуваа Чкембари, Лозари, Војводи, Рибари, Мајмуни, Паткари, Гемиџии Гостивар, Фаланга, Лебари, Гемиџии Велес, Ултра банда, Сејмени, Улави, Ѓаоли...Средбата заврши со заедничка хуманитарна акција (донирање облека) во црквата Свети Кирил и Методиј. За Македонија единствени“, стои во дописот на Комити кои го објавија и другите навивачки групи
Па фала богу бе дечки, тоа е тоа што се чекаше и што е за поздрав. Плус имате време добро да се организирате и да се потрудите да го живнете амбиентот на Градски каде со години не може да се слушне некоја навивачка песна за репрезентација.
Она што веројатно и се очекуваше е контра потегот само на една навивачка група која веројатно не треба да ја погодите од три пати. Балистите. Беше само прашање на време кога и официјално ќе се произнесат дека ќе навиваат во Косово.
Живеат во Македонија, нивниот клуб Шкендија се натпреварува и освојува трофеи во македонска лига благодарение на која излезе во Европа и играше против Милан, но и покрај тоа тие одлучија да навиваат за Косово.
И тоа нема да бидат соло, туку се здружија со навивачите на Косово познати како Дардани.
🇽🇰🇦🇱 @Ballistet1992 are IN as well.@fcshkendija fans to support #Kosovo on March 26 as we face North Macedonia in Play off semi-final. #MKDKOS pic.twitter.com/XjFSTzmLR1
— Kosovan Football 🇽🇰 (@kosovanfooty_EN) January 27, 2020
За куриозитетот да биде поголем, тие ќе плукаат против македонски репрезентативци како Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи и Марјан Радески, сите тројца членови на Шкендија, односно првите двајца поранешни, а третиот актуелен.
Чисто како заклучок кој би било чудно сфатлив да треба да му се објасни на странец. Навивачите на Шкендија ќе навиваат против земјата во која живеат и во која се натпреварува и нивниот клуб од каде исто така има македонски репрезентативци кои се борат за историско ЕП.
Навивачите на Шкупи пак познати како Шверцери се изјасниле дека кога се работи за репрезентации, тие навиваат само за една која не е ниту Косово, ниту Македонија, туку Албанија.