Вардар, Пелистер, Работнички, Силекс, Македонија Ѓорче Петров, Комити, Чкембари, Пандев, Стоилов, Седлоски, Скопско, Битолско, Даб... Дури и таблици ставил со македонски регистрации од неколку градови. Рапот во позадина му е капак.
Станавме препознатливи по боите, песните, страста, ентузијазмот и атмосферата која ја правиме пред, за време и после секој натпревар. Тоа го има забележано и Французинов кој направил топ видео, екстра динамично. Ја потенцира важноста и можноста за една мала земја која беше на само 90 минути до нова спортска историја.
И покрај тоа што се појавија скаперници кои за чартер без спиење, ги одраа македонските навивачи со по 500 евра, верноста на нашите јунаци и овој пат не изостана од трибини. Царот кој го дупна тапанот за Македонија на Европско, а потоа обезбеди нов, ги бодреше фудбалерите и во Порто.
Во земјата на пицата и тестенините, македонските навивачи синоќа најдоа катче по свој мерак со скара и евтино пиво. На менито имаше и македонски песни, а во еден момент забавата стана уште полуда откако се појави таксист на кој му се испентарија и моторџија кој беше спремен со македонската химна, рокната на звучници. Јака забава падна, на која се воодушевија и полицајци кои кога поминаа стегнаа лајк со прстот.
Дебрецин треба да е среќен што се истурија стотици македонски навивачи, инаку атмосферата ќе им беше театар. Македонија ги загуби сите три натпревари, ама ги има најдобрите навивачи. Грла оставија синоќа и не ги пуштија ракометарите да одат во соблекувална. Секоја чест дечки за поддршката. Треба да учат другите.
Не сме завршиле уште со Букурешт. Се работи за многу емотивно парче од нашата спортска историја. Македонија играше за прв пат на Европско, привлече македонска публика од цела Европа, ама и еден Германец кој скоро бил на одмор во Скопје и Охрид. Убава сторија.
Македонската навивачка треска од Букурешт се префрли во Амстердам. Атмосферата е на ниво. Се пее, се навива и се наздравува, а таму е и царот со новиот тапан. Му посакуваме да го дупне со гол на Пандев, по можност победнички.
Романските кафанџии од центарот на Букурешт сигурно се во очај што заврши македонската треска и што Македонија не го игра барем и третиот меч на нивни терен. Прометот за четири дена престој од нашите им е фантазија.
Македонските навивачи се хит на Европското по многу основи, а еден од оние кои привлече внимание на социјалните мрежи е тој со тапанот кој го дупна за Македонија.
Хит сме на Европсково. Го запоседнавме градот со песни и ора, се дружиме со Украинците, а грмиме гордо и од трибини. Па почнавме и женски да бркаме, а во меѓувреме и тапаните издишаа.
Пријателски почнаа, пријателски се разделија. Ете тоа е убавината на фудбалот. Македонија и Украина синоќа играа меч вреден осминафинале, а нивните навивачи покажаа како се слави еден фудбалски празник наречен Европско првенство. Респект момци за скандирањево.
Во Букурешт утринава е фудбалски празник за Македонија, а после фотографиите и снимкиве ќе помислите дека ние сме домаќини, а не Романците. Синоќа журката беше на дожд, а денеска огреа сонце, па редот е да се угаси жедта и тоа на шампионски начин.
На една од најпознатите улици на светот, Виа Деи Фиори во Рим каде што се наоѓа една од фан зоните за Евро-2020, на голем видео бим беа прикажани и навивачките на Македонија кои му дадоа убава нота на ова Европско.
Македонските навивачи кои според некои проценки ги има околу 4.000 на Европското, веќе имаат стаж од три - четири дена таму, па споделуваат корисни информации и совети за некој што ќе се реши да патува за мечот Македонија - Украина. Фрлете око.
Познат италијански инфлуенсер во северниот дел од Италија, собира македонска екипа на заедничко следење на деби настапот на нашата репрезентација на ЕП во туристичкото место Лидо ди Есоло. Резултатот не им се посреќи, ама барем виде како пееме и кога губиме, плус си доби ајвар и ракија. Домашни.
По мечот меѓу македонскиот клуб Рокдејл Сити Санс кој е основан од македонската дијаспора во Австралија и Сиднеј Јунајтед, клуб близок на хрватската заедница, хрватски навивачи жестоко нападнале македонски фанови.
За време на морето од вести поврзани со смртта на мега ѕвездата Коби Брајант, во мак фудбалот падна историска одлука. Македонските навивачки групи заедно ќе навиваат против Косово што многу не радува, плус конечно на Градски атмосферата нема да биде театар.
Не може да помине спортски натпревар на Македонија без наши навивачи, без разлика каде се игра и какви се шансите за пласман на Европско. Нашите се свесни дека овие квалификации се речиси загубени, но фалангата се собра регионално и растури со песни пред стадион.
Македонската фудбалска репрезентација на стадионот Стожице имаше голема поддршка од Македонци кои живеат во Италија. Организирано со автобус отпатуваа за да ги бодрат во Словенија, а овие им возвратија ептен како што треба. Џани на крај им беше водач.
Македонската фудбалска репрезентација има голема поддршка на вториот квалификациски меч на гости во Словенија. Меѓу македонските навивачи во Љубљана како засилување пристигнаа и околу 50 ептен расположени Македонци од Италија.