Неколку совети за тие што ќе одат за Букурешт

Македонските навивачи кои според некои проценки ги има околу 4.000 на Европското, веќе имаат стаж од три - четири дена таму, па споделуваат корисни информации и совети за некој што ќе се реши да патува за мечот Македонија - Украина. Фрлете око.

- Преку Бугарија се оди без ПЦР тест доколку сте транзит.

- Полицајци има на секој чекор со радари и проверуваат за винетки. Исто така има и камери така што не експериментирајте со брзо возење.

- Помеѓу Бугарија и Романија имате граница и можно е да чекате прилично многу за влез.

- Се преминува мост преку Дунав кој што чини 2 евра по возило.

- Букурешт е хаос со сообраќај, така што избегнувајте ги ударните часови.

- Централното градско подрачје веројатно ќе биде затворено за сообраќај викендов.

- Винетки се задолжителни и за во Романија и за во Бугарија и истите можете да си ги купите онлајн на:

1) web.bgtoll.bg

2) e-rovinieta.ro

Виа

15 јуни 2021 - 14:04