Таг: македонски навивачи

Најверните Македонци на Реал грла оставија на Бернабеу

Нема да има навивач на Реал и Јуве кој ќе го заборави ова четвртфинале, едно од најдраматичните во историјата на ЛШ. На овие првиве им се посреќи во 97-ма, а нашите од македонскиот фан клуб кои отпатуваа во Мадрид останаа да слават на стадион уште едно полувреме.

Највозбудливиот дриблинг од македонското „Ел Класико“

Пелистер и Вардар одиграа меч за заборав и тоа е далеку од големо дерби како што беше порано. Досадата од фудбал која заврши 0:0 на крајот ја разби еден навивач кој го доби дуелот еден на два.

Неочекуван гостин меѓу македонската фаланга

Македонските навивачи заслужуваат чиста 10-ка за навивањето и однесувањето на Европското првенство во Хрватска. Колку што знаеме не се скачкаа со никој. На мечот со Чешка еден од нивните навивачи се обиде да им го наруши мирот, но неговиот престој траеше едвај 3 секунди. 

Македонците кои на Камп Ноу го видоа голот број 4.000

Четвртфиналниот натпревар од Копа Дел Реј синоќа беше посебен по многу нешта. Хавиер Маскерано по 7,5 сезони си кажа збогум со Каталонците, а на Камп Ноу падна 4.000-от гол во историјата. Го постигна Лионел Меси.

Реалноста со која се соочи секој навивач на Македонија

Како тргна оваа генерација од пред 9 години: Светско 2009, Европско 2012, Светско 2013, Европско 2014, Светско 2015, Европско 2016, Светско 2017, Европско 2018. Воопшто не им е лесно на момците да се потат секоја зима, а и на нас заедно со нив.

Ти си од Македонија, зошто носиш германски дрес?

Кога на Македонија ќе и тргне на некое Европско првенство во ракомет, Македонецот е во таков делириум што не му е важно, а и појма нема зошто е облечен во туѓ дрес. Копајќи по видеа од Ниш за спомените со Чешка, наидовме на прилог со наши навивачи направен во очи на дуелот со Германија.

Македонските навивачи низ објективот на ЕХФ

Ако си македонски навивач, ова видео ќе ти биде едно од најубавите ствари што ќе ги видиш во текот на денот, напиша ЕХФ на својот Јутјуб канал.

За Македонија во Торино грмеа 5.000 нашинци

Историскиот нерешен резултат против велесилата Италија потсетува на оние легендарни 2:2 против Англија во Саутемптон, но овој меч нашите репрезентативци ќе го паметот и по огромната фешта на Македонците кои живеат на чизмата. Несторгол им подари дрес.

Подобро поволни цени и полн стадион, отколку со 1.200 денари полупразен

Иако до вториот меч на Вардар во Лига Европа на Филип Втори има скоро уште месец дена, навивачите почнаа да испраќаат апели до управата на клубот да подразмисли за цените со Реал Сосиедад. Најслабо публика со Зенит имаше на најскапите блокови.

Комити со голем плен после Фенербахче

Во навивачкиот свет, само ним разбирлив, за голема победа важи одземањето на знаме, шал или било каков реквизит од спротивната навивачка група. Фенербахче во Скопје синоќа го бодреа многу негови следбеници од регионов, а знамињата на оние дојдени од Косово паднаа во раце на навивачите на Вардар.

Прав Вардарец никогаш не би ја дал јужна на гостите

Тој милион евра што сакате да го заработите на 17-ти не може да ја плати таа верност. Ретко кој ќе може децата да си ги однесе на натпреварот со Фенербахче, ако сака и да ги школува од септември нели.

Македонските навивачи кои за Милан 1.000 пати би возеле по 1.000 км дневно

Во нашата рубрка „Навивачи“ од страствените фанови на италијанските екипи ги имавме оние на Јуве, Интер, Лацио и Рома, а сега ви ги претставуваме и Миланистите. Имаат тазе впечатоци од нивното прво европско гостување, надвор од Сан Сиро.

Тргнаа на мечот против Тунис, стигнаа против Ангола

Македонската ракометна репрезентација никогаш не игра во празни сали на големите натпреварувања, а тоа се должи на упорните македонски навивачи кои и со авто стоп би заминале да ја бодрат. Ова се тројцата најупорни кои до Мец патуваа со таксист од Русија, два авиони од Грција, па воз и рент а кар од Франција.

Како албанските навивачи фрлаа бакљи по Македонците

На 20 минути пред дуелот во Скадар, од трибината со домашни навивачи (стоеше знаме на приштинската група Плисат) кон македонските навивачи долетаа неколку запалени бакљи, поради што се зголеми тензијата. Полицијата реагираше и брзо спречи ескалација на инциденти.

Цепелинот на Мирза и Фрејзер на МЗТ - Работнички

Јане крцат, Бојси грмат од гостинскиот сектор, а Фамилијата од својот коп поведува песна која што ја прифаќа цела сала. Во еден момент Мирза му фрла цепелин на Фрејзер за ерупција во „лименката“. Скопје има(ше) градско кошаркарско дерби какво што ретко кој главен град во Европа има.

Македонски ора во Краков

По ремито против Србија 27:27, клучно за пласман во вториот круг на Европското првенство во Полска, во фан зоната на нашите навивачи синоќа беше весело.

Што јадат македонските навивачи на полувреме?

Кај нас на стадион се грицкаат семки и сончоглед, исто како во Црна Гора, Србија, Бугарија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Гибралтар, Израел, Молдавија, Романија, Русија, Украина, Шпанија.