УЕФА направи истражување во сите европски земји, што обично се јаде по стадионите кога судијата ќе свирне крај на прво полувреме. Тоа што го истражиле за нашите навивачи е дека јадат сончоглед и семки, само требале да додадат дека тоа се прави 90 минути, а не само на полувреме.
Таква навика имаат уште многу земји од источна и југоисточна Европа, како и Шпанија, а на запад и север од стариот континент повеќе се на топли оброци и сендвичи.
Албанските навивачи јадат ќебапи и пиво, Хрватите се најмногу на кикирики, Словенците на хамбургери, хот док и пуканки, во Англија и Велс пијат чај и јадат пита. Кобасици во лепче јадат навивачите во Норвешка, Лихтенштајн, Финска, Чешка.
Ова со ќебапите и кај нас влегува во шема, ама пред и после натпревар. Тука имате за секоја земја посебно.