Македонците кои на Камп Ноу го видоа голот број 4.000

Четвртфиналниот натпревар од Копа Дел Реј синоќа беше посебен по многу нешта. Хавиер Маскерано по 7,5 сезони си кажа збогум со Каталонците, а на Камп Ноу падна 4.000-от гол во историјата. Го постигна Лионел Меси.

На видеото со испраќањето на Маскерано забележавме македонско знаме, но до него не го видовме Филе. Тоа да ти биле седуммина нашинци на кои им се исполнил сонот да ја гледаат во живо моќната Барселона и тоа на Камп Ноу каде синоќа имаше историска ноќ за паметење.

10% од тие 4.000 голови ги давал/асистирал Меси.

26 јануари 2018 - 15:33