Подобро поволни цени и полн стадион, отколку со 1.200 денари полупразен

Иако до вториот меч на Вардар во Лига Европа на Филип Втори има скоро уште месец дена, навивачите почнаа да испраќаат апели до управата на клубот да подразмисли за цените со Реал Сосиедад. Најслабо публика со Зенит имаше на најскапите блокови.

На 19 октомври Вардар го пречекува Реал Сосиедад (во четврток им гостуваме на Розенборг). Апелираме до FK Vardar да се разгледа ситуацијата со цените на картите, подобро полн стадион по поволни цени, отколку со 600ден, 900ден, 1200ден како што беше против Зенит, и стадионот беше полу-празен.

Многу од вас ќе кажат дека цената за Лига Европа е добра, но јас ве убедувам дека Вардар има многу навивачи, симпатизери кои немаат доволно примања за да можат да си приуштат карта од 20 евра..(Блоковите кои со блок карти беа 1400ден (600ден редовна карта беа полни).

Вие како фудбалски клуб треба да имате слух за своите навивачи, симпатизери, кои во голем број ни пишаа во порака и се пожалија за цените, и за неажурност на информации за натпреварот.

Од грешки се учи, Вардар прв пат во својата историја игра во елитно натпреварување, размислете и потрудете се наредниот домашен натпревар да го промовирате на време.

Чисто информативно Вардар на 25.07.2012 година имаше полн стадион во квалификации на ЛШ со екипа како Бате Борисов, а вие размислете како управа зошто против екипа како Зенит, стадионот беше полу-празен, а исполнети беа само оние столчиња кои беа најефтини.

Со почит од симпатизери на ФК Вардар!

ВИА

25 септември 2017 - 14:52