Нов тапан има царот

Македонските навивачи се хит на Европското по многу основи, а еден од оние кои привлече внимание на социјалните мрежи е тој со тапанот кој го дупна за Македонија.

Уште појако е што потоа продолжи и на дупнат тапан да држи ритам против Украина, материјал како измислен за гифче.

Ама македонската фудбалска репрезентација уште не ги заврши настапите на Европското и навивачот се опреми со нов кој го сефтоса онаму каде што е забавата.

Инаку странците се воодушевени од песните и нашата забава, а некои посакуваат и да бидат меѓу нив. 

19 јуни 2021 - 08:28