Ни пиша Наце Митев. Наш човек од Струмица кој живее во Бенсхајм, Германија. Ако ви е пријател на Фејсбук, ѕидот често ќе ви биде офарбан во црвено жолта боја. Каде што игра Македонија, таму е и тој. Ја бодри страствено и фудбалската и ракометната репрезентација.
Во неговата екипа која отпатува за Букурешт добиле неочекувано засилување. Пазете дечкото дома можел да ја гледа Германија и тоа во група со Португалија и Франција, односно со актуелниот европски и светски првак, ама тоа задоволство го заменил со Македонија.
Приказната оди вака:
„Се работи за Бени, Германец кој живее во близина на Штутгарт и кој беше во Романија да ја бодри Македонија.. Патувавме заедно од Меминген до Букурешт, не видел во авионот и потоа дојде во фан зоната и не праша дали може да биде со нас. Се дружевме цело време, а јас го прашав како така Германија игра на домашен терен во Минхен, а ти доаѓаш во Букурешт?
Ми рече дека германските навивачи се театарска публика, јас бев во Македонија на одмор и ја засакав. Вашите фанови се многу ватрени и затоа дојдов овде.
Ме изненади. Додека бевме таму ги научи нашите песни, „Зига зага Македонија“ и дел од „Излези момче“. Сега кога се слика секогаш го прави тоа со знакот на обединета Македонија. Кога завршивме во Букурешт ние продолживме за Амстердам, а тој во Будимпешта каде играа Франција – Унгарија, а истиот ден во Минхен се играше мечот Германија – Португалија.
Дечкото многу не воодушеви со тоа што за многу кратко време за приврза со нас и со љубов ја бодреше Македонија“, раскажува Митев.
Фотографии од неговиот одмор во Македонија во мај годинава:
Нешто и од Наце на кој му благодариме што ја сподели приказната со нас: