Откачена француска репортажа со македонските навивачи во Порто

Станавме препознатливи по боите, песните, страста, ентузијазмот и атмосферата која ја правиме пред, за време и после секој натпревар. Тоа го има забележано и Французинов кој направил топ видео, екстра динамично. Ја потенцира важноста и можноста за една мала земја која беше на само 90 минути до нова спортска историја.

Го уловил и фер плејот на македонските навивачи кои аплаудираа за време на португалската химна, како и малата провокација за Роналдо кога се скандираше за Меси. Цар е дечково, заедно со нив фати да пее.

5 април 2022 - 09:07