На сред ЕП, Македонците прогласени за светски шампиони во пиење пиво

Романските кафанџии од центарот на Букурешт сигурно се во очај што заврши македонската треска и што Македонија не го игра барем и третиот меч на нивни терен. Прометот за четири дена престој од нашите им е фантазија.

Два дена после вториот и последен натпревар на македонската фудбалска репрезентација во Букурешт, домаќините го направија вкупниот есап, барем оној од пиење пиво.

Завршната сметка без бакшиш вели вака:

Испиени се три цистерни пиво или 75.000 литри, а тоа во пари изнесува 450.000 евра.

Тоа е математика која ја објавија романските медиуми направена од околу 4.000 наши навивачи. А замислете да немаше пандемија, па во Букурешт да имаше едно 10.000 Македонци?

Ако се извади просек:

На што навивачов на крајот од видеово и не би се сложил баш, бидејќи тој сам тепал на ден по 25-30.

А и коментаров држи вода.

НОВ ТАПАН ИМА ЦАРОТ 

19 јуни 2021 - 23:11