Македонско - италијанска собиранка за мечот против Австрија

Познат италијански инфлуенсер во северниот дел од Италија, собира македонска екипа на заедничко следење на деби настапот на нашата репрезентација на ЕП во туристичкото место Лидо ди Есоло. Резултатот не им се посреќи, ама барем виде како пееме и кога губиме, плус си доби ајвар и ракија. Домашни.

Никола Канал ја почнува приказната на Инстаграм многу мангупски. Ги претставува нашите со македонската химна.

Па го пушта Тоше во кола.

Почнува возбудата за дебито на Македонија

Наоѓа и двајца Австријци

Израмнуваме на 1:1

Се пее македонската химна

Ладните Австријци не мрдаат од место

Доаѓа моментот со подароците. Илија му дава на Никола домашна ракија со предупредување дека е 50 степени.

Потоа домашен ајвар и го учи со што да го комбинира.

Како и разгледници и магнети

Ај живели

Македонија загуби, а Италијанците се чудат зошто пејат.

Па капираат дека тоа е нивниот спортски дух

И на крај шампањ

Па пак песна

14 јуни 2021 - 16:15