Жена што каса, не лае

Старото правило вели дека не е вест кога куче ќе гризне човек туку кога човек ќе гризне куче. Оваа вест загризува подалеку: на изложба на кучиња, жена гризнала друга жена.

27 годишна и 51 годишна жена од Турингија во источна Германија се на суд за да се разберат која е виновна за физичкото насилство и повредите кои меѓусебно си ги нанеле.

Инцидентот настанал на некој натпревар на кучиња на кој со своите песови учествувале двете жени. Помладата видела дека другава претерува со дисциплинирање на нејзиното куче (наводно, го мавнала за да биде послушно), и не преминала преку тоа туку отишла да се расправа и да ѝ објасни дека тоа така не се прави.

Објаснувањето преминале во кавга а кавгата во физичка пресметка. За да покаже дека не е до толку стара, 51 годишната во еден момент ги зарила своите заби во телото на помладата противничка.

Најјако е што нивните кучиња ладно посматрале и не се вклучиле во гризењето на нивните сопственички.

 

26 декември 2021 - 18:28