Здравје

Маркетинг измамата што ја нарекуваме детоксикација

Молиер во една своја комедија пишува за хипохондрик кој е исмеван за неговата наклоност кон клизми. 350 години подоцна, луѓето своеволно одат на "хидротерапија на дебело црево" чие ветување е дека преку ректумот ќе ги извади сите токсини од вашето тело.

На крај од прашина ќе изгинеме

Може по дома немаме бактерија за лек, ама затоа во прашината што ни е дома има 45 отровни хемикалии кои се поврзуваат со рак, неплодност и проблеми во развојот на бебињата.

Само комплекс може да натера маж да оди на вежбање

Скриените стравови на мажите, скриената вина и срамот околу своето тело, а не желбата да направат мускули е она што ги полни фитнес клубовите низ светот.

Крајот на прегледите на простата

Добра вест, најверојатно повеќе нема да има потреба од ректален преглед на простата. Уште подобра вест, сите вие што сте го минале прегледот треба да сте горди на тоа бидејќи лично (со сите расположливи сили) сте придонеле научниците да сфатат дека тој не е потребен.

Само заради маркетинг се товите со протеин

Дека на организмот му треба протеин, му треба, исто како што му требаат и јагленихидрати и масти. Меѓутоа од овие три, протеинот е единствен што не е распнат од медиумите, факт кој одлично им легна на производителите на храна и посебно нивниот маркетинг оддел.

Крајот на антибактерискиот сапун

Минатата недела американската агенција за лекови и храна официјално им забрани на компаниите за производство на сапун користење на над десетина состојки во антибактерискиот сапун, по основа можни штетни нус-појави.

Не си ти роден/а за вежбање

И не само што не си роден, туку не си ни еволуирал своеволно да станеш, во момент инаку предвиден за релаксација, да го прекинеш својот одмор и наеднаш да се посветиш на нешто кое е сосема спротивно - што е можно поголемо уморување и трошење на самиот себе. Едноставно не си.

Зошто инсулинот кој е познат од 1923 година сè уште е прескап?

Цената на инсулинот во последнава деценија е тројно зголемена. Но, во декември оваа година им истекува рокот на последните патенти.

На што сè треба научниците да трошат време поради глупи луѓе

Контреилс, траги од кондензација, се линеарни облаци што се формираат кога авионите летаат во горните делови од атмосферата. Кемтреилс се доказ за постоење на масовна владина програма за распрскување на хемикалии заради контрола и инженеринг на човештвото. Нормално дека научниците ќе се прават наудрени за ова второто.

Фелпс, прекини со тоа чашите, срамота е

Црвените кругови кои се појавија на телата на американските пливачи на Летните олимписки игри, се "терапија" која наводно го подобрува протокот на крвта. Во реалност, станува збор за надрилекарство чиј единствен резултат е згрутчување на крвта.

Чад ко чад, канцероген

Од "океј се," преку "па баш и не се здрави," сега електронските цигари паднаа на "има токсични хемикалии и канцерогени елементи во пареата" и работите само се компликуваат.

Изгледа се исплатеше целото полевање со мраз од пред 2 лета

Летото 2014 народ си најде занимација и оправдување да се полеваат со вода по основа на кревање свесност околу Лу Гериг болеста (АЛС). Неодамна е објавено дека фондовите од Ајс бакет челинџ помогнале во откривање на еден од гените кои ја предизвикуваат болеста.

Триперот се враќа, појак од кога и да е

Иако никој од околните факмани одамна се нема пожалено/пофалено дека ја закачил (сега главно се жалат на триглицериди или жгаравица), гонорејата не само што е тука туку станува отпорна на сите можни оружја кои ги имаме против неа.

40% џабе се мачкате

И во земји со поразвиена контрола на квалитетот на производите и заштита на потрошувачите од кај нас, речиси половина од средствата кои би требало да штитат од сонце - не вршат работа.

Живот во време на константни лоши вести

Ако си на интернет си под бараж од лоши вести за нешто што се случило или нешто што може да се случи. Ако не си на интернет тогаш се изолираш од најголемиот извор на информации во историјата и не си сведок на најголемите промени на времето во кое живееш.

Теретаните ќе изгубат од инструкторите

Последниот тренд во оваа - за нас доста непозната - област е дека луѓето сè помалку ги занимаат пространи сали со скапа и софистицирана опрема за вежбање а сè повеќе експерти кои ќе им покажат како треба да се вежба. И ќе си мислат дека еден ден ќе изгледаат како нив.

Не, апчињата немаат очи

Конечно некој да има каже доста на оние манипулативни реклами кои сугерираат една илузија дека нивниот лек точно да знае каде да отиде во телото и таму на лице место да го среди проблемот.

Зошто витамините и суплементите може да содржат сешто

Шесте последни шефови на неприкосновениот американски авторитет за храна и лекови се собрале на едно место да се пожалат како не успеале да ја гарантираат сигурноста и доверливоста на она што луѓето го внесуваат во своите тела.

Колку се навистина стари нашите тела?

Добра вест: голем број органи во нашите тела се самообновлив материјал. Лоша вест: некои од нив не се менуваат цел живот.

Срце ми је камен

За тоа колку американската нација е бизарно навлечена на секакви лекарства говори последната секирација на надлежните државни власти: предозирање со средства против дијареа.

Зошто докторите се толку навлечени на вага?

Анализа во која се мерат шест здравствени индикатори (притисок, шеќер, отпорност на инсулин, холестерол, триглицериди и ЦРП) покажува дека 27% од предебелите и 47% од дебелите луѓе се здрави. Во исто време 30% од луѓето со нормална тежина се пред ризик од дијабетес и срцеви заболувања.

Зошто витаминот Д е блокбастер меѓу суплементите?

Иако е еден од ретките витамини кои нашето тело само ги произведува (само ставете се на сонце), витаминот Д по продажба ги надмина сите други додатоци.

Нема ништо магично околу појадокот

Делумно затоа што твоите, заради лична агенда "нека јаде, па нека оди кај сака", цел живот ти го форсирале појадокот, делумно затоа што имаш грижа на совест што секое сабајле доручкуваш шолја кафе, секој прекор околу пропуштениот појадок некако лесно успева да ни се ембедира во секојдневното размислување како сериозна фалинка на нашиот начин на живот.

Отчет за "додаден шеќер"

Американската таблица со "Прехранбени факти" која е задолжителна на секоја можна пакувана храна што се продава и произведува во земјата, ќе добие редизајн кој ќе треба да биде воведен до јули 2018-та. Една од најголемите промени во редизајнот - колку шеќер има додадено во производот.