Една од оние Драга Савета секциите, само што е во Њујорк Тајмс а од другата страна не е Савета, туку една од уредничките за здравје на весникот. Прашањето е одлично и ретко кој си го поставува кога трга во походот по здрав живот.
Сите родители што ќе сакаат нивните деца да бидат исклучени од задолжителната имунизација ќе треба прво да минат научен курс на тема вакцинација, па потоа може да прават како сметаат со здравјето на своите деца.
Проблемот не е во немањето челична воља туку во неврологијата, однoсно начинот на кој мозокот им контрира на нашите желби. Нo, има и добри вести за дебелината.
Новинарска истрага на Лос Ангелес Тајмс откри дека фармацевтската компанија која го прави еден од најпопуларните лекови против болка во САД знаела дека тој предизвикува зависност. Па сепак решила упорно да го бутка. Зошто? Затоа што дур ги фатија, поминаа 20 години, тие направија милијарди а сега веројатно ќе бидат подготвени ако треба и да платат некоја "великодушна" отштета.
Во општата потрага по изворот на прекумерната тежина на луѓето од западните општества, најнови виновници се рестораните - затоа што не им оставаат бокал чешмовача на гостите, пред овие да почнат да ждерат.
Основачот на Напстер и ко-основач на Фејсбук, Шон Паркер, реши на науката да ѝ даде 250 милиони долари за борба против ракот. Будала човек, македонскиот интернет е преполн со рецепти кои ракот го убиваат за 10 минути.
До сега на списокот ризици од користење антибактериски сапун се: зголемена можност од инфекција, промена во микробиомот и отпорност на лекови. Ако ова не ви пречи, добрата вест е што тој и понатаму е ефикасен во убивање бактерии.
Секоја чест за мовембар ама јајца требаат и во остатокот од годината, да речеме во април кој е всушност светски месец на подигнување на свесноста за опасностите од ракот на тестиси.
Во случајот со вакцините и аутизмот, илјади пати повторена вистина никако да стане вистина. На ова повторена, додадете анализирана, студирана, мета-студирана, и пак една мала група противници на вакцини ќе остане неразубедена.
Што ако се е голема лага и физичката активност не помага во слабеење? Може да е и полошо, нови студии покажуваат дека вежбањето може и да го забави метаболизмот.
Што се однесува до експертите за јавно здравје, ним им останува уште да пробаат да одат од стан до стан и на секој човек посебно да му кажат да престане да троши пари на суплементи (витамини, мултивитамини и слично здравје во шишенце).
За понатамошна употреба важна е разликата меѓу постење како дел од исхраната, и постење како дел од религијата. Во првиот случај станува збор само за нејадење на одредена храна, во вториот ние само мислиме дека станува збор за нејадење одредена храна.
Сидарта Мукерџи, онколог кој доби Пулицер за дело околу историјата на ракот објаснува дека "ракот е најдобра смрт" и дека целата трка за откривање лек за ракот, многу повеќе влече кон создавање на совршен човек.
Често слушаме дека „она што нема да нè убие, нè прави посилни". И тоа звучи некако логично, па дури и утешно - дека дури и од лошото има некаква корист. Но дали човек навистина мора да доживее некоја несреќа за да го активира сопствениот емотивен штит?
Официјалниот заклучокот е дека хомеопатијата е "терапевтски ќорсокак", а заклучокот е од систематска рецензија која покажала дека третманот не е ништо поефикасен од плацебо.
Ако цел живот си слаб, тогаш не е супермоќ, ама па не е ни диета, едноставно така го тераш животот. Ама не е баш и дека "блазе тебе, ти никогаш не можеш да се здебелиш."
Употребата на седативи од типот на Ксанакс или Валиум (група лекови кај нас деминутивно нарекувани „дијазепамче", што само по себе делува смирувачки) е во пораст, а бројот на смртни случаи заради предозираност континуирано се зголемува во последниве неколку години.
„Останав без зборови" порано беше само метафора за воодушевување или зачуденост. Денес такво нешто веднаш се припишува како рана фаза на Алцхајмер. А не мора да е ни едното ни другото.
Мартин Шкрели сите го знаеме и сите го мразиме како бескрупулозниот ѕвер кој посака да заработи милијарда долари подигнувајќи ја цената на лекот Дараприм. Во сенка, со слична финта, само малку корпоративно подобро спакувана, некои заработија не една туку 28 милијарди долари.
Откако надлежните американски институции препорачаа постари луѓе да не се малтретираат со тестирања за рак на простата, се случи расцеп меѓу матичните лекари и уролозите. Без страв, нема премногу длабоко да навлегуваме во проблемот.
"Пред некое време бев на забава на која петмина фраери си збореа за теретана, кардио и трицепси.... Поинтересни муабети за бебешки какања имам слушано од тоа".