Каде на Запад фрлаат пари за рак

Основачот на Напстер и ко-основач на Фејсбук, Шон Паркер, реши на науката да ѝ даде 250 милиони долари за борба против ракот. Будала човек, македонскиот интернет е преполн со рецепти кои ракот го убиваат за 10 минути.

Парите на Паркер одат за шест водечки центри за борба против ракот кои во иднина ќе соработуваат на заеднички проекти преку новоформираниот Институт Паркер.

Оваа донација има за цел да сплоти преку 300 научници и 40 лаборатории а идејата е заеднички да работат на најдобрите високоризични идеи кои нема да добијат поддршка од владините фондови.

Ова е досега најголема донација за имунотерапијата и една од најголемите кои се фокусираат на борбата против ракот. Се планира новиот Институт да ги менаџира патентите и да преговара со фармацијата за новите лекови да бидат подостапни за луѓето а интелектуалното право останува за центрите во кои работат научниците.

Инаку, имунотерапијата е и тема која и лично го засега Паркер бидејќи 36 годишниот милијардер долго време страда од разни алергии на храна и астма.

Неговото богатство се проценува на 2,4 милијарди долари. 

Значи

многу

се

назад

со

материјалот.

13 април 2016 - 17:05