По редизајнот под ставката "Вкупно шеќер" ќе има посебна ставка "Додаден шеќер" кој ќе биде изразен во грамови и како процент од "Дневната вредност" (количината на шеќер што според нутриционистите е доволна како дел од дневна исхрана од 2000 калории).
Ден Чарлс од НПР, како пример ја дава потенцијалната етикета на шише Кока-кола од 0,6 литри, која ќе покаже дека тоа содржи 65 грама додаден шеќер, кои претставуваат 130% од препорачаниот дневен внес на шеќер.
Американската ФДА минатото лето го предложи додавањето на новата ставка на етикетите. На ова веднаш се кренаа голем број од компаниите што произведуваат храна, тврдејќи дека од здравствена гледна точка "не е важно дали шеќерот е додаден или веќе е природно присутен во состојки како овошје." Постојните етикети веќе го покажуваат вкупното количество шеќер во пакуваната храна, што според производителите е доволно за да им каже на потрошувачите се што треба да знаат.
Дечково на еден месец се откажа од додаден шеќер и алкохол:
Додека производителите на храна се помирија со одлуката и го поздравија воведувањето на новите етикети, од Здружението на производители на шеќер се гневни околу одлуката на ФДА, која во соопштение ја нарекоа "опасен преседан што не се базира на наука."
Уште една значителна промена во таблицата е болдирање и зголемување на фонтот на ставката за вкупен број на калории.
Џон Оливер за шеќерот:
Трејлерот за That Sugar Film: