Не е спорно дека во очајни моменти луѓе ќе се решаваат на очајни работи, ама да му дадеш на дебел панкер да те шутира во лице е сосема глупо по која било основа.
Сама по себе, потта сред лето не е виновна за тоа што мириса во автобус, во лифт, во канцеларија, во такси, во продавница... проблемот го прават некои други работи.
Една споредба на причините за смрт на почетокот на 20-от век и денес, покажала дека комплетно ги имаме уништено главните болести од кои луѓето умирале пред повеќе од 100 години и истите сосема успешно ги имаме заменето со нови.
Канадски фитнес клуб реши комплетно да го забрани влезот и членството за сите слаби, витки и извајани билдери кои изгледаат како никогаш да не можеш да личиш на нив.
"Лабораториски" чистиот зеленчук само му прави зијан на нашиот имунолошки систем затоа што не му дозволува барем малку да се запознае со некои од бактериите кои ги има во земјата.
Некогаш сообраќајките беа убедливо најчестиот вид несреќи со смртни последици во САД. Во последниве 25 години тие се заменети со нешто што доаѓа на рецепт.
Несредените семејни односи, општиот стрес на живеењето и дебелината се трите главни причини што денес девојчињата влегуваат во пубертет 5 години порано отколку пред еден век.
Човекот кој проба една година да живее библиски (се облекуваше, јадеше и се однесуваше како луѓето во Стариот Завет), кој ја прочита цела Британика и кој го аутсорсираше целиот свој живот во Индија, сега објави книга во која раскажува како за малку ќе умрел обидувајќи се да биде најздравиот човек на светот.
Ниту ноќниот живот, ниту проблемите, ниту парите не се така решавачки за вашиот сон како географската должина. Плус, ние да сме ти биле во ќар пред речиси цела Европа.
Тоа што имате навика да се обвинувате себеси за сè и сешто е затоа што два центра во вашиот мозок имаат проблем да комуницираат. Значи технички до вас е, ама, не е до вас.
Вежбањето е исто како да се дрогираш, што значи дека човек може и да се предозира од вежбање. Пред ова да го закачите на ѕид како оправдание зошто не вежбате, имајте во предвид дека ова важи за луѓе што стварно многу, многу вежбаат.
Да ѕирнете фотка која фрапантно ги открива штетните ефекти на сонцето врз кожата. Фото портрет на човек кој цел живот бил шофер и лесно ќе погодите од која страна му доаѓало сонцето.
Не само што ве излудуваат од што се глупи, туку реалните шоуа навистина ве излудуваат, како ментална болест. И за сето ова е виновно "Шоуто на Труман."
Ќе видите две подеднакво убави градини. Меѓу нив постои само една битна разлика: едната градина ќе ги катапултира сите можни симптоми на пролетна алергија, а другата ќе ве остави раат.