Микрогранулите во основа се зрна пластика, кои преку одводот завршуваат во реки и езера каде не се распаѓаат и рибите често пати ги мешаат со парчиња храна. Како последица, ова може да предизвика ширење на загадувањето во синџирот на исхрана вклучувајќи ги и луѓето.
Во истражувањето на нивната штетност беше анализирана водата од Петте големи езера во САД. Само во езерото Онтарио беа најдени 1,1 милион пластични честички на километар квадратен.
Студија на Орегон Стејт Универзитетот открива дека дневно во американските води се испуштаат 8 тони микрогранули. Технички микрогранулите се достапни во големина од 10 до 1000 микрометри (1 микрометар е милионити дел од метарот, или илјадити дел од милиметарот).
Законот кој предвидува укинување на сите сапуни, пасти за заби и шампони за тело со микрогранули од 1-ви јули 2017-та, сега чека да биде одобрен од Сенатот.