За да не биде после кој вика тоа, Индипендент во воведот дава три реда титули на човекот што ја прави студијата: професор и водечки академик од Бонд Универзитетот, кој како претседател на работната група формирана од Националниот совет здравје и медицински истражувања, анализира 176 студии за хомеопатија за да утврди дали терапијата е валидна.
За ова тој спроведува 57 системски рецензии, кои содржат 176 индивидуални студии, кои се фокусирани на 68 различни здравствени состојби, "сите овие откриваат дека нема доказ дека хомеопатијата е поуспешна од плацебо во кој било случај."
Рецензијата не открива "какви било забележливи ефекти над ниво на плацебо," и заклучува дека "нема никакви основани докази од испитувањата кај луѓе дека хомеопатијата е ефикасна како терапија за опсегот на состојби за кои се користи."
"Како претседател на работната група која го објави извештајот едноставно ми олесна што заврши макотрпното патешествие на прегледување и синтетизирање на резултатите. Ова патување го започнав со 'не знам став', љубопитен дали овој малку веројатен третман некогаш ќе профункционира... меѓутоа целиот мој интерес исчезна откако прегледав 57 систематски рецензии кои содржеа 176 индивидуални студии и не најдов никакви забележливи ефекти над ниво на плацебо.
Јас комплетно можам да разберам зошто Семјуел Ханеман - основачот на хомеопатијата - бил незадоволен со состојбата во која се наоѓа медицината во 18-от век, како лечење со пуштање крв, и се обидел да најде подобра алтернатива за тоа.
Меѓутоа претпоставувам дека тој би бил разочаран од колективниот неуспех на хомеопатијата да продолжи со иновативни истражувања, и наместо тоа да се одлучи да тежнее кон терапевтски ќорсокак," напишал професорот Пол Глазиу по објавувањето на извештајот од неговата група.