Здравје

Помеѓу глутенот и плацебото

30 проценти од Американците се обидуваат да го намалат или елиминираат глутенот во својата исхрана. На ниво на цел САД само 1% од населението има проблеми со глутен, останатите 29% имаат проблеми со паѓање на реклами.

Да, стварно има синдром на хронична замореност

До сега оваа состојба (постојана поспаност преку ден и поспоро размислување) се смета за психолошка или измислена болест. Ново истражување го издига синдромот на физичко пореметување, со конкретна дијагноза.

Како совршената исхрана ни штети

Иако пореметување не е од вчера, во последниве години е се почесто како дијагноза која се дефинира како "патолошка опсесија со биолошки чиста и здрава исхрана," или орторексија.

Нема "лични верувања" кога се работи за општо добро

Откако над 100 луѓе во државата им се заразија од сипаници, законодавците во Калифорнија најавија дека ќе почнат да работат на закон кој ќе го исклучи правото на родителите да не ги вакцинираат своите деца врз основа на "лични верувања."

Што има во твоите суплементи?

Јавниот правобранител на Њујорк наредува истрага на содржината на најпродаваните суплементи, и како тие стојат со работите што ги декларираат на пакувањето. Само 21% од тестовите потврдиле присуство на ДНК од растенијата кои биле наведени на пакувањата.

Обезмастување на жената

Во мода е една исцрпувачки интензивна програма за вежбање која на жените им ветува дека ќе дојдат до феноменалната цифра од само 15 проценти телесни масти. Главната цена ја плаќа здравјето.

Лошиот близнак на плацебото

Плацебо ефект го знаеме. Но, постои и ноцебо ефект. Исто, само обратно. И може да се умре од него.

Во што се претвора салото?

Во мускул сигурно не, исто така не и во пот или нешто друго, без разлика што зборуваат матичните доктори, нутриционистите или персоналните тренери.

Македонија, години кои ги изеде мозокот

Ние и Кинезите имаме еден заеднички проблем. Додека на нашите комшии им попушта срцето, нам не ни издржува мозокот.

Аргументот против лекување рак

Ракот е најдобар начин да се умре затоа што им дава шанса на луѓето да се помират со својата смртност и да се поздрават со блиските, порачува др. Ричард Смит, поранешниот уредник на Британскиот медицински журнал.

Изгубено, најдено, медицинско издание

Американската Комисија за безбедност на производи за потрошувачи секоја година уредно составува список на итни посети на болница предизвикани од користење на некој производ. На списокот има што да се види.

Митот за детоксификација

Една од најсовршените модерни бајки е идејата дека твоите калорични гревови од ужасниот начин на исхрана подмачкан од алкохол, можеш да ги испереш со магијата на детоксификација. Може, се додека веруваш во бајки. Во реалност станува збор псевдо-медицински концепт, кој функционира колку и змиско масло.

Холандското село каде сите имаат деменција

Интересен здравствено - социјален проект во Холандија: дом за стари лица во стилот на „Шоуто на Труман".

Од што умираме

Пред 100 години никој не ни помислувал дека некој може да умре само затоа што веќе не сакал да живее, денес самоубиството е меѓу ТОП 10 причини за смрт. Речиси сите останати основи по кои умираме денес се изменети во однос на 1900-та.

Што има во вакцина за грип

Грубо, на декларацијата би биле наведени јајца од кокошка, свинско, хемија, грип и уште нешто ситно.

Ако мислиш дека си гениј, веројатно си луд

Запрашан зошто верува дека вонземјани го регрутирале за да ја спаси Земјата, добитникот на Нобелова награда, математичар и шизофреник, Џон Неш, одговорил "Затоа што мислите за натприродните суштества ми дојдоа на ист начин на кој ми дојдоа и математичките мисли. Па ги сфатив сериозно."

Медицината успеа да создаде главоболка

Дански медицинари успеале намерно да предивикаат мигрена кај 86 проценти од своите пробни пациенти. Живи среќни.

Змија или ебола?

Како и во претходните случаи на H1N1 и Сарс, паниката од ебола драстично го намалува менталниот имунитет на човекот кој станува подложен на напад на разни превари кои му нудат спас, меѓу другото и змиски отров.

Докторска рехабилитација за мастите

До сега консензусот кај нутриционистите и докторите е - штом нешто е мрсно, тогаш е штетно за здравјето, предизвикува срцеви заболувања и дебелее. Сега излегува дека консензусот е погрешен, и треба да биде речиси сосема спротивен.

Пилуле за лилуле

За да докаже дека хомеопатијата е шарена лага, една хемичарка решава пред камери да испие 50 хомеопатски апчиња за спиење. 90 минути подоцна....

Зошто (мнозинството) фитнес програми се измама

Поранешен член на Националната асоцијација за сила и кондиција, и човекот кој си заминува од КросФит (компанијата) откако за нив развива програма за вежбање со шипка, објаснува - се е тоа гола вода.

Како да НЕ фатите ебола?

Не дека во нашава животна околина нема многу пореални опасности од кои еден ден ќе загинеме загинете, глобалната паника од еболата влезе и кај нас па оние најуплашените веќе замислуваат како ќе се редат мртви тела по Партизанска. Пар совети за тоа како да се заштити човек. 

Ебола со утеха

Последната фуфка се вика ебола. Ако луѓе кои живеат на одвратен скопски воздух и се хранат во сендвичари кои кило виршли набавуваат за 90 денари ги фати паника дека ќе умрат баш од ебола, тогаш најверојатно ќе умрат од глупост.

Верувајте му на својот нос

Ако сте го изгубиле сетилото за мирис, добро-лошата вест гласи: ќе поживеете, уште едно 5 години. Околу вас се пет клучни мириси на кои можете да се тестирате.