Фајзер (како и останатите големи фармацевтски компании) имаат стратегија во која секој година ги поскапуваат лековите за мала сума. Ова најчесто се практикува кај постарите брендови на лекови со цел да се генерираат повеќе приходи од нив.
Од 133-те лекови, Фајзер годинава на над три-четвртини им ја има кренато цената за повеќе од 10%. Компанијата Мерк и ко. има поскапено околу 38 лекови.
Компанијата годинава на два пати по 9,4% го поскапе лекот против болки Лирика, кој се очекува да им биде вториот по продаваност лек во светот во 2015-та, со вкупна продажба од 4,8 милијарди долари. Конкретно поскапувањето на Лирика на Фајзер му носи дополнителни 208 милиони долари квартално.
Кај Фајзер сите овие поскапувања додавале по 1,07 милијарди долари на кварталните приходи на компанијата од средината на 2012-та до средината на годинава. Овие пари помогнале во стабилизирање на загубата на компанијата во овој период на околу 2 милијарди долари.
Кај компанијата Бристол-Маерс Сквиб, зголемувањето на цената на лековите донело дополнителни приходи од околу 435 милиони долари во последните 3 години.
Исклучиво благодарејќи на скандалот со Шкрели и Туринг (кои се пишманија за се', ги вратија цените на Дараприм на старо), кревањето на цените на лековите го доби непосакуваното внимание и сега е дел од политичките кампањи на претседателските кандидати, кои се натпреваруваат кој ќе предложи поригорозно ограничување за фармацевтската индустрија.