"Аутизмот стана епидемија. Ги гледаш статистиките од пред 25 години, од пред 35 години, и тие не се ни приближни. Комплетно е надвор од контрола," изјави Трамп за време на дебатата.
Моментално најдобро позиционираниот кандидат меѓу Републиканците, како доказ за врската меѓу вакцините и аутизмот, го наведе случајот на еден негов вработен чие дете е дијагностицирано со ова заболување по лоша реакција на вакцина. Во продолжетокот од образложувањето на неговиот став околу вакцините, Трамп објасни дека вакцините кои им се дават на бебиња и деца се многу слични на оние кои им се даваат на коњи.
Излагањето на Трамп беше реплика на републиканскиот кандидат Бен Карсон, пензиониран педијатар неврохирург, кој во дебатата изјави дека нема поврзаност меѓу вакцинација и аутизам.
"Всушност, ние имаме екстремно добро документирани докази дека аутизмот не е поврзан со вакцинацијата," објаснил Карсон.
Модераторот на дебатата пренесувана на СиЕнЕн, Џејк Тапер, забележа дека ако е избран за претседател Трамп ќе биде надлежен за Центарот за контрола и спречување на болести, и Националниот институт за здравје - две национални институции кои тврдат дека нема никаква поврзаност меѓу вакцинацијата и аутизмот.
Аргументот на Дејли Шоу за претседателска кандидатура на Трамп: