Оној колега/ колешка што карши тебе постојано ц'цка со ногата или постојано мрда во столчето додека седи пред компјутер iили тропка со прстите по маса кога размислува што да јаде - ќе те надживее. Не затоа што тебе ќе те умре од нервоза туку затоа што таквата негова навика го прави здравствено супериорен во однос на тебе.
Последниве години се намножија студии кои го прогласија долготрајното седење за нов масовен убиец на модерниот човек. Утврдени се сите негови штетни последици по нашето здравје и установено е дека седењето крати цели години од нашите животи.
Не и кај оние со 'немирна нога' кои несвесно ги поништуваат лошите ефекти од закованоста на едно место. Луѓе од Универзитетот во Лидс ги поделиле испитаничките во неколку групи во зависност од тоа колку често и интензивно во седечка положба прават мали и несвесни движења со делови од телата. Испаднало дека оние најнервозните долгорочно имаат најдобри шанси да го преживеат седењето и да умрат ем подоцна ем од нешто друго.
Уште пар студии на оваа тема и ете ти по некое време нови курсеви и инструктори кои ќе ги вежбаат луѓето да ни цупкаат под маса.