Или самоконтрола или добро памтење, двете тешко

Способноста да се практикува самоконтрола и да се заузди импулсивното однесување се смета за клучна одлика на мозокот. Подеднакво важна карактеристика на мозокот е и меморијата. Излезе дека овие две функции си штетат една на друга.

Истражувачи од универзитетите Дјук и Северна Каролина, прават неколку студии во кои заклучуваат дека двете функции се натпреваруваат за пристап до истите мозочни механизми и ресурси.

Во пракса ова значи дека колку повеќе практикуваме самоконтрола, толку повеќе ги трошиме ресурсите за памтење.

"Откритијата неспорно покажуваат дека самоконтролата и запишувањето на меморијата споделуваат слични мозочни структури и механизми, и меѓу себе се натпреваруваат за нив. Овие заеднички неврални ресурси се ограничени, па самоконтролата брзо ги исцрпува, оставајќи многу помалку резерва за запишување сеќавања," пишува Мо Костанди во Гардијан.

30 септември 2015 - 10:12