Антибактериски ветар и магла

Логиката е дека сапуни што се продаваат како антибактериски треба да бидат совршено добри, или барем подобри во убивање на бактерии отколку обичен сапун. Науката излезе дека антибактерискиот не е ништо подобар од обичниот сапун.

Резултатот е од експеримент во кој научници изложуваат 20 нишки бактерии на обичен сапун и на сапун кој содржи 0,3% триклосан, максимално дозволената количина од супстанцата што го прави сапунот антибактериски. Бактериите биле изложени на двата сапуна околу 20 секунди, а за тоа време се симулирало регуларно миење раце.

Во однос на убиени бактерии немало разлика меѓу двата сапуна. Дури по 9 часа сапунот кој содржел триклосан покажал значително поголем успех во убивање на бактерии, отколку обичниот.

"Антибактериските активности на триклосанот се добро документирани. Како и да е, ризикот од него останува контроверзен откако беа пријавени повеќе негативни ефекти, вклучувајќи алергии, отпор на антибиотици, канцерогени примеси и биоакумулација. Нашата студија покажува дека не постои значителна разлика во антисептичниот ефект меѓу сапуни кои содржат триклосан и оние без него," објаснува за Њузвик истражувачот од Кореа Универзитетот, Мин-Сук Рее.

17 септември 2015 - 08:59