Минатата недела американската агенција за лекови и храна официјално им забрани на компаниите за производство на сапун користење на над десетина состојки во антибактерискиот сапун, по основа можни штетни нус-појави.
До сега на списокот ризици од користење антибактериски сапун се: зголемена можност од инфекција, промена во микробиомот и отпорност на лекови. Ако ова не ви пречи, добрата вест е што тој и понатаму е ефикасен во убивање бактерии.
Логиката е дека сапуни што се продаваат како антибактериски треба да бидат совршено добри, или барем подобри во убивање на бактерии отколку обичен сапун. Науката излезе дека антибактерискиот не е ништо подобар од обичниот сапун.
Не дека во Минесота преовладало пробактериското лоби, туку целата забрана е заради една од клучните состојки на овој вид на сапун. Забраната почнува да важи од 1-ви јануари 2017-та.