
Се работи за хемикалијата триклосан, за која неодамна се докажа дека е штетна за луѓето. Забраната се однесува на секој хигиенски производ што ја содржи оваа хемикалија, што директно опфаќа и 75% од сите антибактериски сапуни.
Според американската Агенција за храна и лекови, не постојат докази дека сапуните кои содржат триклосан се поефективни во уништувањето на бацилите отколку неантибактериските сапуни и вода.
Дополнително, неодамнешни студии покажаа дека триклосанот може "да ги наруши хормоните критични за репродукција и развој, барем кај лабораториските животни, и да придонесе во развојот на што поотпорни бактерии."
Освен што се очекува и други сојузни држави да се приклучат кон забраната, и на национално ниво Американците подготвуваат воведување на посилна регулација. Во декември истата Агенција воведе ново правило кое од производителите на антибактериски сапун бара да докажат дека нивниот производ не само што е безбеден, туку и поефективен од обичен сапун и вода.