Како дополнување, тие тврдат и дека нема никаков доказ дека сапуните со антибактериски хемикалии се поефикасни од сапуните без овие хемикалии. Во соопштението од ФДА пишува:
"Компаниите повеќе нема да може да промовираат антибактериски сапуни со овие состојки бидејќи производителите не покажале дека овие состојки се безбедни на долг рок за секојдневна употреба, и дека се поефективни од обичен сапун и вода во спречување на болести и ширење на одредени зарази."
Двете хемикалии против кои се бори ФДА се триклосан и триклокарбан. Претходните експерименти врз животни покажуваат дека овие хемикалии всушност ги поттикнуваат бактериите отпорни на лекови и влијаат на хормоналното ниво.
ФДА прв пат во декември 2013 побара од производителите да докажат дека нивниот производ е безбеден и поефикасен од обичен сапун, а во ноември 2014, хемикалијата триклосан беше поврзана со раст на тумор.