"Луѓето што не ги вакцинираат децата се само хомогена толпа родители кои се плашат од токсини или сакаат нивните деца на природен начин да бидат изложени на сипаници," објаснува Бек.
Заедничка студија на Рутгер Универзитетот и германските универзитети Ерфурт и РВТХ Ахен, идентификува 4 типови на луѓе кои не ги вакцинирале своите деца, "во надеж дека ќе најдат ефикасна стратегија за да ги премислат."
- Лефтерните: Тие живеат во места каде што нема многу случаи на болести кои се спречуваат со вакцини, па болестите не ги сметаат за закана. "Овие луѓе пасивно избегнуваат вакцинација наспроти активно борење против нејзе... Ќе ја вакцинирам следниот месец."
- Недостапните: За оваа група докторот не е на неколку минути возење од дома. Тие може живеат на места со недостаток на здравствени ресурси, па мора подолго да патуваат. Може и да немаат осигурување. Или може да има јазична бариера меѓу пациентот и докторот. Па сето ова кога ќе се собере и кога вакцинацијата е непогодна "расположението не е одлучно против или за вакцинација... што значи дека таа не им е доволно важна за да се надминат овие бариери."
- Пресметливите: "Вклучени се во опширна анализа на аргументите за и против вакцинирањето. Ако ризикот од заразување го перципираат како понизок отколку ризикот од вакцинација, тогаш нивната одлука ќе биде против вакцинирањето... Ова може да резултира со 'шлепање,' односно дека е себично-рационално да се избегне вакцинацијата се додека има доволно други поединци кои се вакцинирани и го одржуваат ризикот од зарази на ниско ниво."
- Недоверливите: Ова се класични противници на вакцини, и групата која го добива најголемиот дел од вниманието. Тие не само што не веруваат дека вакцините се безбедни, туку не му веруваат на здравствениот систем ниту на докторите што им кажуваат дека вакцините се безбедни, и/или не им веруваат на луѓе што ги носат политиките кои промовираат вакцинација. Додека пресметливите и лефтерните повеќе се колебливи кон вакцините, недоверливите имаат негативни чувства за нив.