Тестирањата за рак на простата ги поделија лекарите

Откако надлежните американски институции препорачаа постари луѓе да не се малтретираат со тестирања за рак на простата, се случи расцеп меѓу матичните лекари и уролозите. Без страв, нема премногу длабоко да навлегуваме во проблемот.

Кон крајот на 2011 USPSTF (U.S. Preventive Services Task Force, владин панел составен од независни доктори) препорача да тестирањата за тумор на простата да не идат задолжителни за сите возрасти. Со препораките се изрази загриженост дека масовното тестирање често открива неопасни тумори што води кон непотребни процедури чии нуспојави се проблеми со мокрењето и импотенција.

Веќе следната година кај матичните лекари бројот на ПСА тестови опаднал од 37 на 16 проценти но кај уролозите падот е значајно помал (4 проценти).

"Постојат сериозни докази дека лицата со лимитирани животни очекувања немаат корист од ПСА тестирањата", вели еден од авторите на студијата врз која се темелат општите препораки. Тоа е на линија на онаа претпоставка дека повеќето стари луѓе ќе починат со рак на простата а не од него.

Можно е уролозите да се оглучуваат од ваквите препораки со желба да се сотри сè што може за пациентот а можно е оваа нивна пракса да е поврзана и со начинот на кој се плаќаат, а бонуси сње добиваат за повеќе а не за помалку извршени тестирања.

10 февруари 2016 - 13:53