Стефан Ланка верува дека сипаниците се од психосоматска природа а наградата за оној кој ќе го докаже спротивното ја понудил на својот веб сајт.
За примамливиот случај се зафатил извесен доктор Дејви Барден кој собрал цело досие релевантни научни докази и уредно му ги доставил, барајќи си ја наградата.
Ланка, се разбира, ги отфрлил овие докази како недоволни. Недоволни за него но не и за судот во Равенсбург кој донел одлука Ланка да ја плати наградата која ја ветил.
"Сипаниците се психосоматски и настануваат главно како последица на емотивни трауми!", и натаму тврди анти-ваксерот најавувајќи дека ќе ја обжали одлуката.
Германија неодамна се соочи со зголемен број сипаници при што почина едно 8 месечно бебе по што повторно се разгоре дебатата околу задолжителноста на вакцинирањето.
Од лани до сега во Европа се регистрирани 22.000 случаи на мали сипаници, заразно заболување проследено со високи температури и треска кое во некои случаи може да има и фатални последици.